Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални во својата прва изјава за јавност откако беше отруен напиша дека сега може да дише без додатна поддршка, пренесе Гардијан.
Навални, за кого германските официјални лица велат дека бил отруен со „Новичок“, на Инстаграм објави фотографија од болница на која е со својата сопруга и нивните 2 деца.
Во описот на сликата пишува „Здраво, овде е Навални. Ми недостасувате. Сѐ уште одвај можам да направам нешто, но вчера цел ден можев да дишам сам. Целосно сам. Без дополнителна помош, дури и без едноставен респиратор в грло. Многу ми се допаѓа тоа. Изненадувачки процес кој е потценет од многумина. Топло го препорачувам“.
Германските надлежни лица велат дека шведски и француски лаборатории потврдиле дека за труењето на Навални бил употребен „Новичок“, а францускиот претседател Емануел Макрон го повика својот руски колега Путин да побара објаснување.
Руската страна целосно ги негира обвинувањата за било каква вмешаност во труењето, велејќи дека Навални или се разболел од други причини или дека друга страна е замешана во труењето.
Алексеј Нарушкин, шефот на руската разузнавачка агенција изјавил дека немало траги од отров во телото на Навални кога тој ја напуштил Русија.
Извор: Гардијан.
Д. Е.