Израел денеска потврди дека 4.973 лица се новозаразени од коронавирус за само еден ден, што е рекорден број од почетокот на епидемијата.
Министерството за здравство соопшти дека бројот на активни случаи е 40.689, дека имало 47.509 тестови и дека стапката на инфекција е алармантна – 10 проценти.
Повеќе од 500 заразени лица се во сериозна состојба, а 140 се на апарати за дишење, пренесуваат израелските медиуми.
Во Израел од Ковид-19 починаа 1.141 лице.
Професорот Рони Гамзу, кој раководи со Кабинетот за коронавирус, денеска рече дека верува оти бројот на заразени лица во Израел е многу поголем од официјалниот, но дека тоа не може да се потврди се додека не се зголеми бројот на дневни тестови.