Ураганот Сали донесе силни ветришта и обилни поплави на американскиот брег во Мексиканскиот Залив. Бавната бура откорна дел од нов мост во Флорида. Официјалните лица велат дека мостот во Пенсакола веќе бил еднаш реконструиран по настаната штета од претходни урагани, пренесе SkyNews.
Бурата донесе опасни ветришта со брзина од 168 километри на час и дождови во јужниот дел на САД, со што прерасна во бура од втора категорија.
Сали се движи со брзина од само 4,8 километри на час, приближно колку брзината на стандардно човечко пешачење, а одговорните лица предупредуваат дека илјадници луѓе ќе треба да бегаат од надојдените води во следните денови.
Извор: SkyNews.
Д. Е.