ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Власта ветува модел за прочистување во судството во првите 100 дена

September 16, 2020 08:43
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Прочистување на судството и обвинителството вети новата Влада, а веќе вчера министерот за правда Бојан Маричиќ најави дефинирање на моделот до истекот на првите 100 дена од мандатот.

Маричиќ и вицепремиерот за борба против корупцијата и криминалот Љупчо Николовски ветуваат дека концептот и моделот ќе бидат дефинирани во комуникација со сите чинители во правосудниот сектор.

– И од претседателот на Судскиот совет и од претседателот на Советот на јавни обвинители добивам уверување дека заедно ќе работиме на овој модел, како и од државниот јавен обвинител и од претседателот на Врховниот суд. Сите тие ќе се вклучат ефективно во креирањето на моделот, но и во неговото спроведување. Без партнери во  овие клучни институции тешко ќе успееме. Поради тоа ми е важно и одржувам дневна комуникација со сите нив со цел да направиме модел во којшто јавноста ќе верува, да ги отвориме судските институции за поголема отчетност, пристапност кон граѓаните  и јавноста и на тој начин да ги тргнеме сите шпекулации, целата мистерија поврзана со судската власт за да може јавноста да верува  и да има двонасочна  комуникација со судските власти, рече Маричиќ на вчерашниот брифинг со новинарите.

Идејата е, како што појасни Маричиќ, да има концепт во којшто ќе има проверка на имотот на судиите и  на обвинителите, проверка на случаите коишто се застарени или блиску до застарување, проверка на случаите коишто се случиле од висока корупција или висок јавен интерес. Ќе има и ефективна постапка за оние судии и обвинители кај кои ќе се утврди одговорност за непостапување и непрофесионално настапување.

Според вицепремиерот Николовски, процесот на прочистување на правосудството е еден од клучните темели на коалицискиот договор на Владата. На прес-конференцијата во Владата, Николовски рече дека тој процес веќе е започнат со одредени проверки на потеклото на имотот на носителите на јавни функции.

– Бев директно вклучен во самите разговори за договорот. Клучно за државата во моментов се правдата, економијата, борбата против корупцијата, екологијата и уште некои приоритети. Денес кога сите нашите соседи ни се пријатели, кога сме дел од безбедносниот сојуз НАТО, кога се остварени стратешките цели на државата, почнуваме преговори со ЕУ, треба да се зафатиме со работа дома. Граѓаните ја испратија својата порака, сакаат да има одговорност, рече Николовски.

Целта на овој процес, како што појаснуваат надлежните, е да се врати довербата кај граѓаните во правосудниот систем, но и добрите професионалци, односно оние кои добро си ја вршат работата, да бидат наградени, а оние кои не ја вршат добро работата и кои ја зајакнуваат недовербата во правосудниот систем, да бидат отстранети од тој систем.

Next Post

Утрински преглед на вести: „Крупните риби“ ќе се соочат со законот, губитникот Мицкоски 3 години работеше против ЕУ и НАТО, Владата најави промена на Законот за кривична постапка...

НАЈНОВО

Фото: МО

Македонски контингент испратен на меѓународната воена вежба „Saber Junction 25“ во Германија

August 21, 2025
Фото: Принтскрин, Видео: Евангелос Папајоану

(ВИДЕО) Сурфер со СУП даска им помогнал на татко и две деца кои се бореле со морските струи и брановите во близина на Солун

August 21, 2025

Тошковски: Нова седма по ред канцеларија на Управни служби на МВР во Ропотово, ја враќаме довербата на граѓаните

August 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Пожар во Карпош 4, бројни противпожарни екипи го гаснат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ги изневери граѓаните – падот на поддршката очигледен пред изборите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk