ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Фестивалот „Браќа Манаки“ ќе се одбележи со еден централен настан на 19 септември, најава за ново кино „Манаки“ во Битола

На централниот настан за одбележување на 41. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ се очекува да присуствуваат и неколку амбасадори, филмски работници и дејци од културниот живот на земјата.

September 17, 2020 19:43
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Годинава УО на ДФРМ донесе одлука дека ИФФК „Браќа Манаки“ нема да се одржи во својата реална форма, но дека достојно ќе биде одбележан со еден централен настан во Битола, што ќе се одржи на 19-ти септември, 2020 во Пациото на Музеј и завод на Битола.

Основен мотив за оваа одлука е зачувувањето на здравјето на нашата публика, гостите и филмските работници во непредвидливата ситуација со пандемијата и негативниот ефект што оваа состојба ни го наметнува во сите сегменти на нашиот социјален живот.

На овој настан ќе се обратат покоровителот на фестивалот, Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, Градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска, Амбасадорката на САД, Н.Е. Кејт Мари Брнз, Претседателот на ДФРМ, Игор Иванов и Гена Теодосиевска, директорка на фестивалот. За време на овој настан ќе има и обраќање на добитникот на „Златната камера 300 за животен опус“ Јануш Камински преку видео врска, а целиот настан ќе се пренесува во живо на Првиот програмски сервис на МТВ, и на ФБ профилот на фестивалот.

На режисерот Столе Попов ќе му биде врачена наградата што ја доделува ДФРМ „Голема ѕвезда на македонскиот филм“.

Видео обраќање до фестивалот се очекува да има и новиот Претседател на Меѓународната асоцијација на кинематограферите (ИМАГО), Кејс Ван Острум.

На настанот ќе биде прикажано и видео за новото кино „Манаки“ во Битола.

На централниот настан за одбележување на 41. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ се очекува да присуствуваат и неколку амбасадори, филмски работници и дејци од културниот живот на земјата.

На овој настан нема да има повеќе од 80 гости, кои ќе треба да ги почитуваат сите мерки и протоколи за однесување на присуство на манифестација на отворено, донесени од Владата на Република Северна Македонија. Ќе располагаме со маски, ракавици, средства за дезинфекција и ќе ја почитуваме пропишаната дистанцата. Пред влегување на секој од гостите ќе му биде измерена температура и сите оние кои ќе имаат зголемена телесна температура (над 37 Ц) нема да може да присуствуваат на настанот.

Влегувањето на гостите ќе се одвива од 17.45 часот до 18.30 часот кога и би почнал директниот пренос, кој ќе трае до 19.30 часот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Недимовиќ: Од „мини Шенгенот“ најголема корист ќе има прехранбената индустрија

НАЈНОВО

Генерирано со ВИ

Трамп објави крај на војната во Газа, пред посетата на Израел и Египет

October 13, 2025

Локални избори во Косово: „Српска листа“ ги освои сите десет српски општини; главните партии одат во втор круг

October 13, 2025

Фон дер Лајен в среда во Скопје, почнува тридневната турнеја низ Западен Балкан 

October 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото скриншот

    Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Виктор Спасески од Прилеп победник на 15. издание на „Поетски слем Македонија“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ИРЛ со жесток одговор кон Героски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вучиќ вели „Албанците се нервозни бидејќи излезноста на Србите на локалните избори во Косово е поголема“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk