ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

И „Конрад Аденауер“ го исфрли Мицкоски во аут, „математичарот“ тоне во заборав…

Хидро Мицкоски и неговата професорска свита и политички пиони се далеку зад аут линијата. Каква порака му праќа „Конрад Аденауер“ на Мицкоски со состав на панелисти меѓу кои не е ниту тој, ниту неговите верни следбеници? Да се потсетиме на „славниот“ Мицкоски, пред да го проголта живиот песок на неговата погубна политика...

September 17, 2020 16:23
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Мицкоски е во меѓународна изолација повеќе од две години. Тој е затворен во својот политички кафез веќе долго време. По неколкуте тешки политички порази, решетките на кафезот во кој чучи Мицкоски стануваат сѐ погусти и низ нив може да продре само „светлината“ на неговиот ментор Гревски. Но, далеку е Будимпешта…

Деструктивното однесување на Мицкоски за време најважните процеси за Северна Македонија, ја принудија и политичката фондација „Конрад Аденауер“ да ги прекине комуникациите и поддршката на партијата и на Мицкоски уште кон крајот на 2018 година. За помалку упатените, тоа е една од најважните политички фондации во светот, која ги промовира и поддржува политиките на демохристијанските партии во Германија и во светот, важна за сите политички партии што се дел од Европската народна партија, меѓу кои е и ВМРО-ДПМНЕ.

По серијата тешки неуспеси на Мицкоски и неговите верни придружнички и придружници, повторно се крена гласот на тие што со години се обидуваат да ја реформираат и демократизираат партијата. Фондацијата „Конрад Аденауер“ го препозна тој потенцијал и на својата „Катедра“ (17 септември 2020) на тема „Постизборни предизвици и ЕУ перспективата“ како говорници поканија неколку функционери на партијата кои се целосно надвор од кругот на верниците на Груевски-Мицкоски.

На панелот на Конрад Аденауер, се појавува и момчето со тротинетот, Тимчо Муцунски, кој во последно време искажува јасни несогласувања со актуелното раководство на чело со Мицкоски. Меѓу панелистите се најдоа и Васко Наумовски, поранеше пратеник и Кирил Миновски, поранешен министер за финансии од редовите на разнишаната партија. Хидро Мицкоски и неговата професорска свита и политички пиони се далеку зад аут линијата. Каква порака му праќа „Конрад Аденауер“ на Мицкоски со ваков состав на панелисти?

Да се потсетиме на „славниот“ Мицкоски, пред да падне во целосен заборав и пред да го проголта живиот песок на неговата погубна политика…

Додека Северна Македонија јуреше кон Европа и светот, Мицкоски ја закопа партијата и сите нејзини сателити покрај шините. На неговата партија веќе со години се гледа како на коров, од кој може да има само штета и ништо повеќе. Со други зборови, Северна Македонија одржа неколку „состаноци со историјата“ и се врати на европската мапа како сјаен пример за добрососедство и враќање на демократијата по соборувањето на режимот на Груевски. За тоа време, извршителот Мицкоски, како што го нарекуваат, ја туркаше партијата во сѐ подлабока изолација.

Одамна напуштениот Мицкоски постојано се обидува да го подобри својот имиџ и да прикаже пред јавноста дека има добра комуникација со претставниците на меѓународната заедница. Никако не му успеа своите посети на разни амбасади да ги прикаже како „дипломатска победа“, колку и да се трудеа некои амбасадори да му помогнат во тоа.

Својата средба со ЕУ амбасадорот во заминување, Семуел Жбогар, ја искористи да покаже со прст на Зоран Заев и да каже дека неговата влада „не е способна да испорача резултати кои би биле препознаени од стратешките партнери од Унијата“. Демек, тој е способниот земјата да испорача такви резултати… Извори од партијата ме информираат дека дури и во Белата дивоградба се кикотеле, а некои и громогласно се смееле на оваа изјава.

Агендата на Мицкоски од првиот ден е кратка и јасна. Тој беше поставен за да обезбеди спас на Фамилијата од правдата, а по можност, како бонус, враќање на старите добри времиња на криминално владеење, што се совпадна со агендата на центрите на моќта (домашни и странски) за попречување на евроатлантските интеграции. И покрај силните усилби и непознати суми пари потрошени на неуспешни кампањи во текот на изминатите три години, тој не покажа капацитет да извојува ниедна победа. Неговите „прецизни математики“ се живиот песок на политиката која деновиве се очекува да го проголта. А кога тоа ќе се случи, ќе останат соголени неговите бисери од говорницата и бројните афери меѓу кои се и хидроцентралите, судирите на интереси со истовремено седење на повеќе удобни фотелји во системот, коруптивните зделки, бизнисите, узурпацијата…

На почетокот на годината, одговорот на некои прашања сѐ уште не беше извесен. Што ли се случува во електронската комуникација на линија Кремљ – Будимпешта – Скопје? Колку ли се потат Мицкоски и неговата правно-политичка „армадила“ (непостоечки збор со кој се користи „математичарот на тато“) пред своите шефови? Дали ќе побараат (и добијат) уште неколку милиони евра за своите шпионско-медиумски операции? Дали ќе тргнат во тотална пропагандна војна и со какви ли „експертски“ методи ќе се служат сега? Или, тивко и подземно, како што добро знаат, ќе ја поткопуваат довербата на луѓето во институциите и во европската иднина? Одговорите почнаа да пристигнуваат. Останува да се понесе уште одговорноста.

 


Сите права се задржани. Тесктот е личен став на Авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

„Киберпанк: Надежта е револуција“ – Настан што симулира опстанок во дистопија, инспириран од суровата реалност

May 9, 2025

Бензински пумпи во Солун и Атина инсталирале софтвер со кој се точела помала количина на гориво

May 9, 2025

В недела посебен режим на сообраќај во Скопје

May 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ останува сон за Македонија, смелите одлуки „пекол“ за политичката елита!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спротивставувајќи се на Трамповата Америка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Почина лицето на кое беше пукано во Штип, убиецот е уапсен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Честит Ден на победата во Европа, 8 Мај и Честит Ден на Европа, 9 Мај

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk