Започна протестот пред Владата на револтираните родители кои бараат да се продолжи породилното отсуство до карајот на 2020 година, пренесе Слободен печат.
На протестот се излезени околу четириесетина родителите со транспаренти во раце, а на нив пораки со содржина: Дали вашите деца ќе ги пуштите во градинка?, Вашите деца не се поважни од нашите?, За нашите деца ги спремавте монтажните болници?, Комисијата за заразни болести не ви е валидна?…
Мајките ја блокираа „Илинденска“, протестот се одвива по сите протоколи, со заштитна опрема.
Нивните барања се породилното да се продолжи до крајот на годинава од повеќе причини, како немање место и капацитет во јаслите, но и оправдан страв дека малите деца неадаптирани на условите на однесување во група, се во голем ризик да се заразат од коронавирусот.
Протест за истите барања се одржа и во Битола, пренесе Тв21.
Д. Е.