Утре ќе биде презентирана платформата преку која учениците ќе ја следат наставата од дома, пренесе Канал 5.
Според планот на Министерството за образование ќе се користи од првиот училишен ден, а велат дека обуките на наставниците веќе ги спроведуваат.
Сепак, дали почетокот на учебната година ќе биде на 1 октомври со физичко присуство таму каде што има услови, засега не е потврдено.
Ресорната министерка Мила Царовска, вели дека сè зависи од состојбата со коронавирусот.