ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Средба Битиќи – Сахакјан: Активна е соработката на Владата со УНДП во спроведување на проекти за Целите за одржлив развој и Агендата 2030

September 18, 2020 14:00
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, се сретна со постојаната претставничка на Развојната програма на Обединетите Нации (УНДП) во нашата земја, Нарине Сахакјан, со која разговараа за тековните проекти кои се спроведуваат со меѓусебна соработка, како и за намерите на Владата за унапредување на соработката, особено во проекти за побрз и одржлив развој на економијата.

Од Кабинетот на Битиќи соопштија дека постојаната претставничка на УНДП упатила срдечни честитки за изборот на Битиќи за вицепремиер во Владата и ги искажала своите очекувања дека успешната соработка која ја имаат уште од претходно, ќе продолжи и понатаму, со реализација на успешни проекти кои ќе значат создавање на општество без сиромаштија, поголема грижа за живтната околина, справување со климатските промени и создавање услови за креирање  подобри работни места за сите граѓани.

– На состанокот се дискутираа повеќе конкретни теми, директно поврзани со исполнување на целите за одржлив развој од Агендата 2030, како што се соработката на спроведување на проекти за енергетска ефикасност, заштита на животната средина и справување со климатски промени, но и за креирање работни места кои би одговориле на потребите на современото општество и дигителазацијата на индустријата и сите други процеси во економското живеење, информираа од Кабинетот на Битиќи.

Битиќи посочил дека Владата има цврста намера да креира Платформа за економски развој, со која ќе се планира економскиот развој на среден и долг рок, а со која ќе треба да се овозможи побрз и одржлив економски развој. Сите чинители во економскиот живот, вклучително и странските партнери и донатори, како што е и УНДП, ќе земат активно учество во креирањето на Платформата.

– Поддршка на старт ап компании и креирање на работни места кои ќе одговорат на потребите на дигиталната ера, но и ќе се однесуваат на енергетската ефикасност и успешно справување со климатските промени, ќе бидат високо на листата на приоритети на Владата за време на мандатот, рече вицепремиерот, посочувајќи дека целта е нашето општество и економијата да фатат чекор со развиените земји и да се подигне конкурентноста на компаниите, особено на микро, малите и средни претријатија да освојуваат, нови странски пазари.

Next Post

Заев за бугарскиот меморандум: Владата останува пријателски насочена кон Бугарија

НАЈНОВО

Орце и Мицкоски Скопје „72 часа чисто Скопје“

„Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

November 6, 2025

Рокас до Мицкоски: ЕУ е на ваша страна во овој процес, но одговорноста е ваша

November 6, 2025

Мицкоски за Извештајот од ЕК: Остануваме целосно посветени на европскиот пат

November 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу за изјавата на Мицкоски: Кој е пред, а кој позади – кажува Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 6 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk