Државата под итно да преземе мерки против хулиганизмот! Денес во Ѓорче Петров за влакно е избегнат сериозен инцидент. На повиците „Мртов Шиптар, добар Шиптар“ од навивачи, застана цела албанска свадба.
Мерки, веднаш! Не само полицијата, туку и Обвинителството кое добива пријави од полиција, но не презема ништо!
https://www.facebook.com/amon.mra/posts/10157294636297155
Ало, обвинители! Не ви доста што ги тинтрате криминалците кои ни ја ограбија државата, сакате и војна да ни направите со вашето непостапување?! Малку ви се пари, сакате и крв?!
Не заборавајте, војната во Босна „почна“ на свадба! Или соберете се и соберете ги идиотите, или утре да знаете, ако има жртви, не се криви ни „едните“, ни „другите“, туку вие, разбравте ли?!, напиша Петрит Сарачини на својот Фејсбук профил, коментирајќи ги скандирањата „Мртов Шиптар, добар Шиптар“ од навивачи кои застанаа колона од возила од албанска свадба.
#StopNaOmrazata
#StopNaHuliganizmot