Две нови деца позитивни на коронавирусот во струмичка градинка. Биле во истата група со првото заразено дете, но засега нема потврда дека станува збор за поврзаност. Од Министерството за труд и социјална политика се запознаени со случајот, за ТВ24 велат дека директорот на градинката ги информирал за новите позитивни деца.
Директорот на градинката Васил Бубев за ТВ24 вели дека едно од новозаразените деца немало никаков контакт со првиот случај. Бубев тврди дека се почитуваат сите протоколи и дека градинката е безбедна и покрај потврдените случаи на Ковид 19 и лицата што се во изолација поради контакт со нив.