ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Ризиците на слободата и сигурноста на бедата

September 20, 2020 13:45
in ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Целата историја на цивилизацијата е веслање со едрата на слободата и сигурноста. Со ризиците на слободата и со сигурноста на бедата. Движење со врвови на слободата и милни дна на бедата. Како профил на етапата меѓу Гренобл и Мирабел на Тур д Франс.

Тоа што се случува во Минск покажува дека луѓето не се спремни неограничено долго да ја трампаат слободата за сигурноста на празниот живот. И дека колку подолго дозволувале да прават и тие од себе и власта од нив, будали, толку е подраматично враќањето на достоинството на човекот. Отворениот свет му овозможува на белорускиот човек, кој нема искуства со демократијата, да види дека животот не е само работа и плата и дека вреди да се бори за правото да учествува во градењето на општото добро и на својата среќа, со враќање на слободата, со ампутирање на диктаторството и со учество во демократските пракси. Со многу жртви. И со прифаќање на ризикот дека и слободата и демократијата не се идеален статус и амбиент, но, како рекле многумина пред него, подобри не се измислени.

Такви знаци на заситеност од апсолутот на државата во ликот на едноличната диктатура има и во Русија. Трагиката на рускиот човек е во неговата заробеност во името на Русија. Откако Сталин ја жртвуваше револуцијата во името на државата, тој систем кој се репродуцира врз грбот на Русите, трае до денеска. Го имало, се разбира и претходно, во царизмот. Тоа е неверојатна, епска, без преседан жртва, на стотици милиони луѓе,  при што тие се убедувааат дека мизерниот квалитет на животот е мала жртва за големината на државата како компензација. Новичокот е тука волшебна приказна која им сугерира дека таа жртва може да биде мала во однос на онаа на која може режимот да ги принуди.

Некаде прочитав дека први пробиви на овој олан се прават и во Кина каде се јавува отпор кон неограничената власт на доживотниот претседател Џинпинг. Комунистичкиот капитализам со огромни трансфери на рурално население во индустриски работници и градска популација, со логиката на капиталот и профитот, полека но сигурно ќе води кон смена на културната матрица која беше погодна за беспоговорна централна управа на поединци или комитети. Досегашната хармонија е овозможена само поради тоа што комунистичката држава обезбедуваше услови за капиталистичката експанзија, но со првите кризи на тој план ќе почнат да пукаат внатрешните вертикали на неверојатниот модел. Поставувањето на прашањето на мандатот и политичката филозофија на Џипинг, како и намалените стапки на раст, се првите такви сигнали.

Ердоган не може во надворешната експанзија и постојаното производство на конфликтни зони кои потоа самиот ќе ги санира, да обезбеди покритие за внатрешното тонење на турската економија и на стандардот на луѓето.

На бранот на тие расположби дојде до смена на власта во Црна Гора, а јас верувам дека многу скоро ќе дојде до смена и во Србија. Така падна Груевски во Македонија. Тој авторитарен, па, можеме да кажеме и тоталитарен модел, ги исцрпува своите перформанси кои се темелат на глупавата трампа на минимална социјална сигурност за националистичкиот занес и за правото најгласниот идиот меѓу нив да прави што сака откако ќе го инсталираат за вожд.  Не верувам ниту во модифицираните модели на Орбан и Качински.

Мора да се каже дека сиве овие антитоталитарни импулси носат со себе сериозни ризици од раздробување на внатрешните структури на општествата и од сериозни геополитички промени, со страшно неповолни изгледи, но мислам дека тие ризици нема да го спречат тежнеењето кон слобода и демократија односно, се покажува и се повеќе ќе се покажува дека тоталитарните модели не се успешна алтернатива на демократијата како што луѓето во демократските системи почнаа да мислат, односно беа принудени да почнат да мислат.

Од друга страна, во некои делови на светот, луѓето, со не мала страст, се ослободуваат од паметта затоа што социјалните мрежи и телевизиите им го градат субјективното чувство на незадоволство од резултатите на паметта. Неолибералните системи на профитната економија и на претставничката демократија, се разбира, не се царство на слободата и на правдата и праведноста, но ослободувањето од паметта на луѓето под притисок на конјунктурните проблеми, се гледа во стремежот кон полоши варијанти на организација на општествата, кон системи во кои се поразуваат мислењето и знаењето и се промовира спектаклот, естрадата и просташтвото, лагата и идејата дека најамбициозниот глупак или злобњак, може да ги реши проблемите на општеството со своите чирибу-чириба способности. Економските проблеми, социјалноекономските, врзани со миграциите и развојните, сврзани со глобалните проблеми какви што се климатските промени и еколошката катастрофа.

Никој не нуди замена за профитот, освен во логоризирање или кмеризирање на државите, нема замена ниту за државите како форми на, главно, национални организации. Промените се нужни, дури, би рекол неопходни, но нема идеја со што исцрпените системи треба да се заменат. Светот е опортунизиран, конфомизиран, театрализиран во своите протести, негативен и деструктивен во однос на актуелноста, но без идеали за иднината.

И овие губитнички тенденции носат опасности од внатрешни имплозии на општествата и од геополитички разместувања, изолационизмот на САД и на Велика Британија, конфронтацијата со Европската унија, можното распарчувањето на Обединетито кралство,  или распадот на американското општество повеќе отколку на Соединетите држави итн.

Во Европа доаѓаат генерации кои или немаат непосреден допир со стравотиите на Втората светска војна или имаат сосема изопачени ресентимани па се јавуваат нацисти и фашисти, шовинисти и националисти, како решение на проблемите, а демократијата се обидува да им одговори со демократски средства.

Замислете.

На тоа треба да се додаде падот на светското политичко лидерство, дури и на локалното политичко лидерство, респектот кон политиката, довербата. Не се гледа дека тие процеси водат кон ослободување на човекот или кревање на квалитетот на неговиот живот, додека сосема јасно се гледаат изгледите до кормилата да се фатат лудаци кои можат се да отераат по ѓаволите.

Можеби ќе изгледа претерано да се каже, но јас не можам да одолеам и ќе речам: Македонија е посебен случај во кој трансферот на тоталитарниот профашистички систем на вмро-дпмне, се преобразува, бавно и мачно, но се преобразува, во систем на слободата, правдата и демократијата. Како процес, не како резултат, односно во процесот како резултат. Овие дистинкции се нужни и важни. Неверојатно е како воопшто постоиме и се држиме на куп, не врз основа на некаква сила, туку исклучиво врз основа на вољата на луѓето. Мултикултурно, мултиетничко општество со внатрешни сили кои упорно работат да го кренат во воздух. Меморандумите се обилна заебанција вомиднос на внатрешните стремежи кон размакединизирање. Опстанокот и отворените перспективи се неверојатен подвиг на власта во соработка со меѓународната заедница. Се разбира дека срања има колку сакаш, но мораме да знаеме дека процесот на чистење никогаш нема да престане затоа што луѓето, во меѓувреме, имаат потреба да серат. Така е во целиот свет и така било низ целата историја на цивилизацијата. Изгледа дека Македонија ќе успее да преживее и покрај сите напори на домашните проклетници да докажат дека не ја бива, дека е боранија, дека е во очајна состојба, дека е у курац итн.


Сите права се задржани. Тесктот е личен став на Авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

В недела посебен режим на сообраќај во Скопје

May 9, 2025

Адвокатот на семејството на загинатата Фросина Кулакова: Обвинетиот Васил Јованов даде едно голо признание со намера да ја ублажат казната

May 9, 2025

Музеите лани ги посетиле 289 767 граѓани

May 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Папа Лео XIV Фото: Скриншот

    Кој е Роберт Превост, новиот папа?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спротивставувајќи се на Трамповата Америка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Идентитетот на новиот папа ќе го објави кардиналот Доминик Мамберти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бел чад од Сикстинската капела: Habemus Papam

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Почина лицето на кое беше пукано во Штип, убиецот е уапсен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk