Руски пранкери имале телефонски повик со претседателот на Европскиот парламент Давид Сасоли, користејќи идентитети на белоруската опозициска фигура Светлана Тихановскаја и литванскиот претседател Гитанас Науседа, и разговарале со него за ситуацијата во Белорусија, пренесуваат од sputniknews.com.
За време на телефонскиот повик, Сасоли рекол дека Европскиот парламент е силно загрижен за ситуацијата во Белорусија и поканил еден од пранкерите кој се претставувал како Тихановскаја, да дојде во Европскиот парламент, ветувајќи дека ќе разговара за можноста за таква посета со Дејвид Мекалистер, претседателот на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент.
Пранкерите, пак, го прашале Сасоли дали Брисел ќе воведе санкции против Минск. Сепак, Сасоли не дал јасен одговор на ова прашање, обновувајќи ја поканата до Тихановска да го посети Европскиот парламент.
Пранкерот кој се претставувал како Науседа му рекол на Сасоли дека наводно е воспоставена неофицијална врска со белорускиот премиер Роман Головченко. Тој додал дека владата и парламентот на земјата претежно ја поддржуваат Тихановскаја и чекаат вистински момент за соборување на Лукашенко. Како одговор, Сасоли рекол дека ова е многу интересна информација.
Еден од пранкерите, Владимир Кузнецов, познат и како Вован, изјавил дека идејата за шега на Сасоли се појавила по извештаите за санкциите на ЕУ против Белорусија, додавајќи дека пранкерите секогаш реагирале на вакви вести.
Во четвртокот, Европскиот парламент одби да го признае белорускиот претседател Александар Лукашенко за победник на неодамнешните претседателски избори и повика на санкции за раководството на земјата за наводна измама на гласачите и казнени мерки против оние што протестираат против резултатот на изборите.