ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Шахпаска: Се грижиме за сите, градиме општество без дискриминација со еднакви можности за сите граѓани

Министерката Шахпаска истакна дека во своето работење е целосно посветена на зачувување на секое работно место, поддршка на стопанството, на ранливите категории граѓани кои се најпогодени од кризата, но и на безбеден престој и згрижување на децата од претшколска возраст.

September 20, 2020 16:21
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter
Грижата за сите и социјалната правда е она што ќе ме води во текот на целиот мој мандат, а тоа значи да изградиме општество кое ќе им овозможи еднакви можности на сите, општество кое ќе гради соживот и доверба, општество кое нема да дискриминира по ниту една основа, општество во кое граѓаните ќе бидат најзначајниот капитал“, истакна  министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска на прес-конференцијата по повод мандатно писмо врачено од претседателот на Владата, Зоран Заев.

Таа посочи дека мандатното писмо во кое се наведени принципите врз основа на кои ќе функционира Владата, за неа  значат преземање обврска за чесно, одговорно, транспарентно и отчетно работење исклучиво во служба на граѓаните.
Министерката Шахпаска истакна дека во своето работење е целосно посветена на зачувување на секое работно место, поддршка на стопанството, на ранливите категории граѓани кои се најпогодени од кризата, но и на безбеден престој и згрижување на децата од претшколска возраст.„Градинките ги отворивме и обезбедивме процес на безбеден престој на децата, со сведување на ризикот за инфекција од коронавирусот на минимум, согласно Протоколот усвоен од Комисијата за заразни болести.
Здравјето на најмладите за нас е врвен приоритет и од тоа не отстапуваме. Но, морам да нагласам дека сите ние имаме одговорност и затоа апелирам до сите да ги почитуваат мерките за заштита од вирусот КОВИД-19, зошто само на тој начин ќе можеме да се заштитиме и да создадеме услови за сигурно работење на градинките“, порача Шахпаска.Таа посочи дека интензивно се  работи на зголемување на капацитетите во градинките, преку изградба на нови градинки по најсовремени стандарди, но и проширување на постоечките објекти.

„Се грижиме и за најранливите категории на граѓани, корисниците на социјалните права, чиј број со пандемијата е зголемен.

И во услови на пандемија социјалната реформа продолжува.
Искоренување на сиромаштијата, особено детската останува наша заложба“, додаде таа.

Министерката за труд и социјална политика го најави започнувањето на  процесот на децентрализација на социјалните услуги на локално ниво и продолжување на  процесот на деинституционализација, се додека и последното лице не биде згрижено во мали групни домови кои нудат услови најблиски до оние на семејствата.„Економски силни држави создаваат мотивирани и задоволни работници, чиј труд се вреднува, се почитуваат нивните права и се работат на безбедни работни мести. Ова е можно само преку отворен и континуиран социјален дијалог во општеството, во кој ќе бидат вклучени работниците, работодавачите и ние како Влада. Новиот Закон за работни односи ќе ги регулира сите прашања кои произлегуваат од работниот однос, јасно ќе ја дефинира сезонската работа, синдикалното организирање и работењето од далечина, како предизвик кој го наметна корона пандемијата“, рече  Шахпаска и нагласи дека Владата продолжува со политиките на зголемување на минималната и на просечната плата.

Таа додаде дека грижата за највозрасните граѓани, кои го граделе општеството, пензионерите ќе се потврди  преку стабилен пензиски фонд кој гарантира редовна исплата на пензии на сегашните и идни пензионери и раст на пензиите во континуитет.

Притоа министерката Шахпаска се осврна и на политиките и мерките наменети за младите кои ќе придонесат за  поголема вработливост преку отворање на нови работни места, но и преку поддршка и грантови за самовработување.

„Родовата еднаквост и борбата против дискриминација се високо на мојата агенда. Законот за спречување и заштита од дискриминација веќе е во собраниска процедура и убедена сум дека во брз рок ќе добиеме ефикасна и објективна Комисија за заштита на граѓаните“, истакна Шахпаска.

Таа додаде дека Законот за спречување и заштита од дискриминација веќе е во собраниска процедура и наскоро ќе добиеме ефикасна и објективна Комисија за заштита на граѓаните од дискриминација.

„Борбата против родово базираното и останати облици на семејно насилство ја продолжуваме со целосна имплементација на Истанбулската конвенција.

Овде сум да работам, вредно, одговорно, транспарентно, но пред се чесно за граѓаните и за нашата држава“, истакна Шахпаска.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Градоначалникот на Кочани – Премиерот не ме прима на средба, од централната власт досега не добивме ништо; Граѓаните ќе го дадат својот суд на изборите, смета Мицкоски

June 15, 2025

Протест пред МВР за убиството на кучето Феликс

June 15, 2025
Фотомонтажа: Фронтлајн

Парадата – прослава или диктаторско однесување на Трамп?

June 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Македонија полека но сигурно станува мала Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најголеми непријатели на македонскиот јазик и на мислењето, на идентитетот, се мпц и вмро!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поради притисоци по поддршката на студентите, овој EXIT ќе биде последен во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што е „Хаибар“ – новата ракета со која Иран му се заканува на Израел и ќе го „шокира светот“?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски: Дебар Маало со нов лик – добива два паркинга, парк, шеталиште и нова општинска зграда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk