ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бислимовски: Со граѓанските иницијативи може да се разговара за таргетирање на ранливите групи при плаќање на сметките за струја

September 23, 2020 22:36
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Граѓаните да ја користат можноста за само-отчитување на броилата со цел да плаќаат реална цена на електричната енергија, истакна Марко Бислимовски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) на дебатата во емисијата „Уметност на финансиите“ на ТВ Клан во Тетово.

Тој дебатираше со инженерот и професор Илјаз Илјаз и Кренар Османи, претставник на Иницијативата „Доста е“м која организира јавни протести против зголемената цена на електричната енергија.

На забелешките од Иницијативата дека во време на пандемија и на лето има нереално високи цени кои достигнуваат и до 300 евра, на што Бислимовски потсети дека граѓаните можат да поднесат и претставки до РКЕ.

– Им укажавме на ЕВН дека не смеат предвреме да се финансираат со пари од граѓаните поради паушалните сметки и се заканивме со одземање на лиценца. Дури и мене лично ми стигна сметка од 16 илјади денари и морав да се јавам за да се им ја кажам реалната состојба на броилото. Така и граѓаните да прават, состојбата од броилата да ја праќаат по електронска пошта или по телефон до ЕВН.  За секоја претставка до РКЕ од граѓаните за фактурите на ЕВН за 24 часа веднаш се реагира и 95 отсто од тие сметки се сменети, истакна Марко Бислимовски.

Професорот Илјази истака дека потребна е поголема контрола во определување на цената на струјата бидејќи секторот користи ресурси кои биле во сопственост на државата.

– Има потреба ова тело повеќе да ги чува граѓаните, пример како во Англија со омбудсман и да се води грижа за губењето на електричната енергија, рече Илјази.

Бислимовски нагласи дека иако дистрибутивната компанија доставува податоци за загуби од 14,2 отсто, РКЕ како трошок признава 12,6 проценти. – Тие загуби во време на Југославија биле 11 отсто, рече Бислимоски.

Претседателот на РКЕ порача дека процентот на зафаќање на сметките од 9,07 проценти е намалена на 7,37 отсто, како и дека има постојано процентуалното намалување на цената за едно домаќинство од 2006 до 2020 година.

– На сите тие категории на граѓани од ранливите категории јас сум за соработка со граѓанските иницијативи да се разговара и да се најде начин за помош при плаќањето, истакна Бислимовски за барањата на иницијативниот одбор за намалување на цената на електричната енергија.

Според првиот човек на РКЕ, енергетските компании сите средства ги вложуваат во нови капацитети, како што е нова 110 киловолтна трафостаница за дебарскиот регион каде постојано има проблеми со снабдувањето како и поврзување на Северна Македонија и Албанија со заедничка енергетска врска со крајна цел Италија, како најскап пазар за продавање на струја.

Next Post

Градиники со известувања дека детето може да се отпише, а при повторен упис веднаш ќе биде примено

НАЈНОВО

Скриншот

Лопатка: Да ја искористиме шансата и да ја прошириме ЕУ, оптимист сум за Северна Македонија

October 24, 2025
Временско ехо 24 октомври

Временско ЕХО – 24 октомври

October 24, 2025

Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

October 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 24 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна 40. јубилејно издание на „Макфест“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како се регулира онлајн коцкањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk