ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Градиники со известувања дека детето може да се отпише, а при повторен упис веднаш ќе биде примено

September 23, 2020 22:46
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Градинките почнаа да испраќаат известување до родителите дека кој сака има можност да си го отпише своето дете  од установата каде може да биде згрижено, пренесува Локално.мк.

-Добивме известување од градинката  дека кој сака може да си го отпише детето, така што не е обврзан да ги плати сметките од месец мај па натаму и до петок да достави барање за отпишување на детето до управат на градинката. Воедно нѝ кажаа дека доколку сега се отпише може повторно да се запише и да не биде на листата на чекање, бидејќи веќе еднаш било запишано во таа градинка, вели за Локално, мајка на едно дете од претшколска возраст од Скопје.

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска вчера упати апел до родителите кои не ги носат децата во градинка да го отстапат местото на оние дечиња на кои сега им е неопходно згрижувањето во оваа установа.

-Одлуката на Владата за отворање на градинките беше донесена на првата владина седница која се одржа на 2-ри септември, стартот на градинките почна на 9-ти септември, оттука со отворањето на градинките, со создавањето на услови за сместување на децата во претшколски установи, значи градинки и дневни центри за ран детски развој, создадовме простор од две недели до одлуката до 23 за враќање на сите родители на своите работни места, односно со отворањето на градинските се изгуби смислата зошто родителите би останале дома кога градинките ги отворивме. Владината одлука во вонредната состојба за затварање на градинките доведе до ситуација да мајките, родителите да останат на продолжено породилно боледување да се грижат за децата. И оттука стоиме на ставот дека со отворање на градинките ова одлука престанува да важи. Родителите имаа 2 седмици за да се подготват или своите деца да ги подготват за да тргнат во редовен процес на работа, значи не се работи за една седмица, туку се работи за две седмици. Согласно Протоколот којшто беше донесен уште на 29 мај, многу јасно се прецизирани критериумите, условите за згрижување на деца во услови на пандемија со Ковид-19. Тие протоколи јасно ги дефинираат како условите во градинката, однесување на вработените во градинката, бројот на деца коишто се згрижени почнувајќи од 0-2 години, како и поголемите групи на деца, изјави Шахпаска.

Next Post

Фаучи: Светот ќе се врати во нормала до крајот на следната година

Shortcut

Најново

Сите сакаат да владеат со светот

November 21, 2026
Фотографија: Unsplash

Младите бараат образование наместо оружје: Протести против планот на ЕУ за 800 милијарди евра за одбрана

November 20, 2026
Јана Коцевска

Јана Коцевска: Родовото насилство е нормализирано, институциите не обезбедуваат вистинска заштита

November 19, 2026

Тутунари, не дозволувајте грешките при пакувањето и чувањето да ви го намалат откупот

November 19, 2026
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова (извор: Wikipedia)

Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

November 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вест стара 59 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спасовски: Изборот е направен, насоката е потврдена, продолжуваме по правиот пат во европска иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мислете му ја!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk