ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Усогласување на методологијата и обезбедување на континуиран мониторинг во трите држави кои го делат Препанското Езеро

September 23, 2020 17:09
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

 Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини и министерот за земјоделство, водостопанство и шумарство Арјанит Хоџа и градоначалникот на општина Ресен Живко Гошаревски денеска се обратија на јавната трибина за изнаоѓање конкретни активности и мерки за заштита и надминување на алармантната состојба со водостојот на Преспанското Езеро.

На трибината што се одржа во Ресен, како што соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање, се собраа претставници од стручната јавност, државните и општинските институции, проектните единици и меѓународните партнери кои работат на тематски активности во Преспанскиот регион, како и граѓанските организации и иницијативи.

Укажувајќи на суштинската важност на воспоставувањето на трилатералната соработка со државите со кои ги делиме водите на Преспанскот Езеро, министерот Нуредини ја потенцираше важноста на активностите што и ние како држава ќе ги сработиме. При тоа, тој нагласи дека голем број на различни проекти, поврзани со Дримскиот Базен, со самото Преспанско Езеро или со природата во Преспа Паркот се реализираат во регионот и многу е јасно дека иницијалниот чекор за креирање на соодветни решенија е собирањето на постоечките податоци, споделувањето на сознанијата и консолидација на заклучоците до кои е дојдено во рамките на различните проекти.

Различни видувања на проблемот со алармантното намалување на водостојот на Преспанскот Езеро, преку презентации дадоа од  Сектор за животна средина на општина Ресен, од Македонското еколошко друштво, Хидробиолошкиот завод во Охрид, од Секторот природа на Министерството за животна средина и просторно плнирање, од тимот за ревизија на планот за управување со Споменикот на природата Преспанско Езеро и од Биотехнички факултет од Битола.

-Усогласување на методологијата и обезбедување на континуиран мониторинг во трите држави кои го делат Препанскоот Езеро, вклучување и анализа на податоци за земјоделскиот сектор и неговото влијание во правец на испитување на влијанието на  потрошувачката на вода за наводнување заради зголемувањето на земјоделскиот сектор во регионот, потребата од изнаоѓање алтернтивни начини на наводнување на земјоделските површини, како и изработка на сериозна научна студија за влезот и излезот на водите во Езерото се главните заклучоци донесени на крајот на дискусијата на сите засегнати страни, се вели во соопштението од Министерството за животна средина и просторно планирање. 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Владата ги одобри согласностите за организирање настава со физичко присуство што ги определи Комисијата

НАЈНОВО

( ВИДЕО) Сабаленка триумфираше на УС Опен

September 7, 2025

Лина Ѓорческа триумфираше на турнирот во романскиот град Слобозија ,

September 7, 2025

Фабриката „Винчини“ во Виница зафатена од пожар

September 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија со вмро е како проститутка на масажа во салонот на Мевосекот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски и Дарио Панковски: На 13 Септември голем концерт во Паркот на франкофонијата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европратениците пристигнаа во Србија и брзо ја напуштија земјата: „Вучиќ не навредуваше и ни се закануваше“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Бујар Османи: Или сме во ЕУ, или стануваме дел од српско-рускиот свет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk