ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Средба Битиќи – Техада: Соработка за реализација на проекти за подобар стандард на граѓаните

September 24, 2020 13:03
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи денеска оствари средба со амбасадорката на Швајцарија Сибил Сутер Техада, со која разговарале за имплементацијата на тековните проекти кои се реализираат со поддршка на Швајцарската агенција за соработка и развој (СДЦ), како и за идните планови за унапредувањето на соработката.

– Амбасадорката Сутер Техада посочи дека Швајцарија останува силен поддржувач на Северна Македонија за имплементација на потребните реформи за евро-интеграциските процеси, тоа е најдобриот пат кој ќе овозможи побрз и одржлив економски развој на земјата. Таа информираше дека во подготовка е новата среднорочна Програма за поддршка на земјата, која предвидува проекти со кои ќе се поддржат потребните реформи во повеќе сектори за преговорите за членство во Европската Унија, но и ќе овозможат економски развој, а со тоа и подобар живот за сите граѓани во земјата, информираат од кабинетот на вицепремиерот.

Битиќи се заблагодарил за континуираната поддршка од страна на Швајцарија, која е еден од најголемите поединечни контрибутори кога станува збор за имплементација на проекти во нашата земја.

– Вицепремиерот Битиќи и амбасадорката Сутер Техада, дискутираа за реализацијата на проектот за воспоставување на Систем за координација во планирањето, спроведувањето, мониторинг и евалуација на политиката за рамномерен регионален развој (СиРеРа), кој треба да обезбеди податоци за соодветно креирање на политиките за рамномерен регионален развој и намалување на диспаритетите помеѓу одделните региони во земјата, соопштија од кабинетот на Битиќи.

За време на состанокот се разговарало и за други проекти кои се реализираат во заедничка соработка, а кои се однесуваат на зголемувањето на можностите за вработување, односно креирање на подобро платени работни места, користењето на швајцарското искуство во дуалното образование, дигитализацијата на стопанството и администрацијата, како и за проекти кои се однесуваат на демократско владеење и антикорупција.

– Вицепремиерот Битиќи и амбасадорката Сутер Техада имаа заеднички став дека соработката во наредниот период ќе продолжи со несмален интензитет и дека ќе работат на имплементација на проекти кои ќе придонесат за зголемена економска соработка помеѓу двете земји, како и на проекти кои значат подобри услови за живот и повисок животен стандард на граѓаните, стои во соопштението од кабинетот на заменикот на претседателот на Владата за економски прашања.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Орашко Кале – милениумско богатство кое тивко исчезнува

May 12, 2025

Крушево домаќин на првото државно првенство во планински велосипедизам

May 12, 2025

Алијанса на Албанците на Таравари официјално излегува од Владата

May 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Таравари ја напушта владата за да не е „кукла“, ВЛЕН остануваат да го легитимираат владеењето на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кристина Костова: Правата на маргинализираните не смеат да бидат жртвувани на олтарот на статус квото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА: Мисија на Марс в година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk