ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Николовски: Повеќе не сме дел од глобално незадоволителните држави во делот на корупцијата

September 25, 2020 10:51
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Северна Македонија има постигнато значителен и суштински напредок во делот на борбата против корупцијата со што повеќе не е во групата на глобално незадоволителни држави, изјави денеска вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.

Телото на Советот на Европа кое се занимава со мониторинг на антикорупциските стандарди во земјите од ГРЕКО на вчерашната седница нотирал напредок во Северна Македонија во делот на исполнување на препораките од четвртиот круг на евалуација.

Станува збор за 19 препораки за превенција во делот на корупцијата во Парламентот, судството и обвинителството, од кои земјава нема исполнето само две. Целосно се исполнети девет препораки, а делумно осум препораки.

Според Николовски, овој напредок претставува дополнителен стимул и поттик на заложбите на Владата за градење на стандарди и принципи за превенција од корупцијата во сите области.

– Новата Влада е цврсто решена и одлучна да се спротистави на криминалот и корупцијата во сите области. Тоа ќе го постигнеме заедно со сите надлежни институции, експертите, коморите и сите останати чинители во овој дел, порача Николовски.

Препораките беа објавени во 2014 година и се однесуваа за превенција на корупцијата во Парламентот, судството и обвинителството. Оттогаш до 2018 година се спроведени две оценувања во однос на мерките кои државата ги има преземено за исполнување на дадените препораки. Тогаш, ГРЕКО контатираше дека голем број од препораките не се имплементирани во реалноста заради што земјава беше вброена во групата на глобално незадоволителни држави.

Next Post

Втора ноќ протести во САД поради пресудата за убиството на Бријана Тејлор

НАЈНОВО

Разговор на двајца аналфабети од градски политики

October 29, 2025

​Укинувањето на санкциите за Додик дел од договорот за повлекување од претседателската функција?

October 29, 2025

Касами со поддршка за кандидатот за градоначалник на Струга, Менди Ќура

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Касами: Мојата изјава за Кичево е извадена од контекст и погрешно протолкувана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kои се вистинските разлики меѓу Грокипедија и Википедија – и зошто тие се повеќе од технолошки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Град Скопје: Мицковски лично го оркестрира хаосот во Комунална хигиена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk