ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Превентивата и раниот скрининг клучни за намалување на ризикот од појава на рак на дојка

September 27, 2020 13:42
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Овој ден е посветен и на превентивата, но и на тие кои се борат се уште со болеста и секако да се потсетиме на тие кои за жал ја изгубиле оваа битка, истакна Елизабета Ѓоргиевска, професор на Стоматолошкиот факултет и сопруга на претседателот Стево Пендаровски на настанот, што по повод кампањата за борба против рак на дојка „Race for the cure“, денеска го организираше Здружението „Борка – за секој нов ден“.

Овој настан, посочи Ѓоргиевска, се одржува многу години со цел да се даде акцент на превентивата и раното откривање на ракот на дојката.

– Превентивата е најважна и затоа апелирам сите да се свесни дека практично здравиот начин на живот, правилната исхрана, намалувањето на конзумирањето алкохол, пушењето, но секако и доењето, се едни од главните фактори што доведуваат до намалување на ризикот на појава на ова заболување. Од друга страна раното откривање преку самопрегледите, скринингот, мамографијата всушност претставува едно од основите на раното поставување дијагноза и одредување правилен третман на ова заболување, рече Ѓоргиевска.

Министерот за здравство Венко Филипче рече дека во изминатите три години значајно се зголеми бројот на биолошки лекови, најмодерна терапија за овие пациенти. До пред три години, потенцира, огромен број од нив се праќаа во странство да ја добијат оваа терапија, а сега нема пациент кој има некаква онколошка дијагноза, а за кој нема терапија во нашата земја.

За пациентките со карцином на дојка има и прволиниска и второлиниска терапија. Со Фондот работевме на тоа да се зголеми и пристапот кон ортопедските помагала, така што сега има и градник и во периодот што доаѓа ќе работиме на тоа да се обезбеди и соодветната ракавица. Тие кои ја преживеале оваа малигна болест се секогаш на располагање да споделат искуство и да ги поддржат и другите пациенти и пациентки кои во овој момент имаат проблем. Работевме заедно и воведовме и психолошка поддршка на Клиниката за онкологија. Се на се еден сеопфатен пристап, олеснет пристап до терапија, дијагноза. Посебно во овој период во оваа здравствена криза, погодени од Ковидот, не застанаа здравствените услуги за пациентите кои имаат потреба од итна хируршка или било каква друга здравствена интервенција, исто така и за пациентите со малигна болест, рече Филипче.

Додаде дека со поддршка на Американската амбасада работат на проект за регионална координација и во таа смисла заеднички настап на сите земји во Западен Балкан во однос на политиката на отворањето на границите.

Американската амбасадорка Кејт Мари Брнз истакна дека вродиле со плод долгогодишните напори за рана детекција, ран скрининг, рана и добра грижа.

– Успеавме да го прекинеме молкот и јавно да зборуваме за рана детекција на ракот на дојка. Важно е така да продолжиме. Ракот на дојка и натаму се уште убива, но важно е да разговараме за ова, да ја користиме силата на преживеаните, на нивните семејства и на тие што направиле вистинска разлика во нивните животи, додаде Кејт Мари Брнз

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Мицкоски: Потребно е зголемување на кредитот за автопатот Кичево – Охрид

July 14, 2025

(ВИДЕО) Трамп: Многу сум разочаран од Путин, воена опрема вредна милијарди долари ќе биде испратена во Украина

July 14, 2025

(ВИДЕО) Трамп ѝ се закани на Русија: Ќе испратиме „врвно оружје“ до НАТО сојузниците и Украина, ако не прекине војната за 50 дена

July 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мицкоски и Николоски се возеа по автопатот Кичево – Охрид: Аце, одлично изгледа ова, ако беше лесно немаше сигурно да бидеме ние

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Измени во Законот за возила, станиците за технички преглед ќе даваат потврда за регистрирано возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тешка сообраќајка на експресниот пат Прилеп – Градско

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказна за лавот и глушецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Дуња Иванова вицешампионка на Балканското првенство во МТБ Маратон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk