ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Изгубени во македонската прашума

September 28, 2020 09:00
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ / ЦИВИЛ МЕДИА

Кога власта (Заев) ќе презентира нов пакет кризни мерки тежок скоро половина милијарда евра со намера за продолжена помош на ковид-економијата во државата, а опозицијата (Мицкоски) ПЕТ минути потоа излегува со оценка на мерките дека со нив „мафијата ќе стане побогата, а народот посиромашен“ и дека „новиот пакет мерки нема да донесе ништо добро, туку дополнително ќе ја продлабочи кризата“ – тогаш ви станува јасно зошто опозицијата уредно си ги губи демократските и фер избори неколку години наназад и зошто тој тренд ќе си продолжи така и во годините што доаѓаат. Оти така е за сè: додека власта со години се труди – често успешно, понекогаш неуспешно – да решава наталожени проблеми во сите области на функционирањето на државата, сега усложнети и со пандемијата, опозицијата само ја зема најголемата молерска четка и ја потопува во клоаката на својот политички нужник и со неа, во широки потези, размачкува по сè што ќе дофати, без усул и мерка.

Некој таму ги учи, недоучени, дека не е важно што ќе кажат, доволно е само да исплукаат колку што може побрзо и повеќе, за „јавноста“ кога ќе се запознае со новите мерки на власта веднаш, уште истата вечер, да има „контрабаланс“ дека сето тоа е мафијаштво, катастрофа, пропаст, предавство, криминал… Нема рационална политика, само валкана пропаганда.

Така инстантно се „убива“ можноста за каква било разумна општествена дебата за што било. Опозицијата се однесува како да е последната изолирана и неразоружена чета на ФАРК во некоја прашума во Колумбија која единствено се надева да се врати на власт со некаков преврат, со воен удар или со општонародно востание. Тој отровен „бункер“ менталитет на константна „опсада“ во којшто живеат и неуморно го шират по прес-конференции, по телевизиски студија, портали и на социјалните мрежи, ме потсетува на заборавениот јапонски војник Хиру Онода кој се криел во џунглата на филипинскиот остров Лубанг и се предал цели 29 години по завршувањето на Втората светска војна, уверен дека војната сè уште трае. Сирот.

Таквиот деструктивен дискурс ја прави Левица единствената политичка формација која е во реален натпревар со ВМРО-ДПМНЕ за влијание во „нивната“ јавност. На што спадна ДПМНЕ.

Какви се последиците од тоа?

Па, и во конкретниов случај, секој работник или бизнисмен кој, на пример, не е задоволен од најновиот пакет економски мерки, всушност, сфаќа дека не може да смета дека решавањето на својот проблем ќе го артикулира и преку делувањето на опозицијата, која би требало да биде најсилниот организиран политички коректив на власта. Затоа, незадоволните мораат (лично или низ своите синдикати, комори, здруженија…) својата мака да ја решава низ директен дијалог со Владата, што само по себе е голема победа на власта и дополнителна маргинализација на ВМРО-ДПМНЕ. Кои, под монсунските дождови на сопствената растечка ирелевантност, продолжуваат да седат чучнати околу логорскиот оган во џунглата на островот Лубанг, чекајќи „царот Хирохито“ од Будимпешта да им ја добие војната. Сироти.

Но, објективно, „сироти“ сме сите заедно, бидејќи демократијата не ја бива без добра опозиција, која не ја бива. Патем, дури и ФАРК во Колумбија во меѓувреме сосема се разоружа и стана дел од тешкиот процес на национално помирување во таа земја…

 

илустрација: Coppo di Marcovaldo – „The Hell“

Сите права се задржани. Тесктот е личен став на Авторот.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Утрински преглед на вести: Национализам - Прпелкање во калта и јадење политички помии, Кратово без активни случаи на Ковид 19...

НАЈНОВО

ДНЕВЕН ХОРОСКОП СО АНАИС – 15 ОКТОМВРИ

October 15, 2025

Шукова за управувањето со отпад во Скопје: Граѓаните заслужуваат систем, а не изговори

October 15, 2025

Филипче од Битола: СДСМ се враќа!

October 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Алиу: Се разгледува можноста за воведување токсиколошки тестови за здравствените работници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гарабаја за мечот Пелистер – Барселона: Барса е една од најдобрите три екипи во светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП СО АНАИС – 14 ОКТОМВРИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новите нуклеарни закани од Москва со радост се шират во дел од македонските медиуми

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина Панчо од ДНК

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk