ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Јанева: Наводите на ДЗР се тенденциозни и хајка против мене

September 29, 2020 22:43
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Во денешниот извештај на Државниот завод за ревизија за платите и надоместоците кои се делени во СЈО, а според ревизорскиот извештај околу 4,6 милиони евра се исплатени како додатоци за тајност но без законска поткрепа, објавен е и одговорот кој Јанева како одговорно лице на веќе згаснатото СЈО го доставила како забелешка, пренесува Локално.мк.

Катица Jaнева наводите на државните ревизори ги оценува како тенденциозни и продолжение на хајката против неа и ја гледа пораката повеќе „никој и никогаш во оваа земја да не се занимава со гонење на високата корупција“ на  начин како што таа тоа го правела. Таа смета дека неуспехот на Обвинителството за гонење на организиран криминал да докаже нејзина наводна вина во случајот „Рекет“, за кој нема правосилна пресуда, резултира со вакво постапување на државната ревизија во обид да биде дискредитирана.

„4 години немаше проблем со исплатата, а се појави дури сега по гаснење на СЈО, тврди Јанева во дописот во кој спомнува и дека е незаконски осудена за случајот Рекет. Дали пораката која на ваков начин се испраќа е: повеќе никој и никогаш во оваа држава да не се занимава со гонење на висока корупција, на начин како што го правев јас и СЈО, бидејќи на крајот, се ќе биде предмет на преиспитување, како што се случува сега, пост-фестум?“, напишала Јанева.

Таа вели дека не ги прифаќа наводите од ревизорските извештаи дека немала законска основа за носење на наведените одлуки, но прашува, доколку е така, дали евентуална одговорност ќе понесат и другите институции.

„Дали треба да се вклучат двата состави на влади и четирите министри за финансии кои го одобрувале буџетот и исплатите на СЈО, без каква било забелешка?“, прашува Јанева.

Од Државниот завод за ревизија утврдиле дека остварувањето на правото на плата, точноста на пресметката, евидентирањето и исплатата се во согласност, во сите материјални аспекти, со релевантната законска регулатива и интерните акти, но не и правото на други надоместоци.

„Освен додатоците на плата за 2015 година, остварувањето на правото на додатоците на плата, точноста на пресметката, евидентирањето и исплатата се во согласност, во сите материјални аспекти, со релевантната законска регулатива и интерните акти. Во однос на остварувањето на правото на другите надоместоци, точноста на пресметката, евидентирањето и исплатата утврдивме дека истите не се во согласност, во сите материјални аспекти, со релевантната законска регулатива и интерните акти“, се вели во извештајот.

Овој наод е направен откако ревизија барало Обвинителството за гонење на организиран криминал предводено од Вилма Русковска.

Текстот е во целост преземен од Локално.мк.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Костова: Владата на Мицкоски ја претвори Македонија во „тажна балканска приказна“

May 10, 2025

Македонскиот павилјон „Strada Brutalissima“ на Венециското биенале на архитектурата 2025 вброен меѓу 10-те највпечатливи

May 10, 2025

„Марш за ангелите“ во Кочани: Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има!

May 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Интервју со Кристина Костова

    Интервју со Кристина Костова: Мицкоски сака да владее во хаос, СДСМ се враќа со конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА: Браната Три Кланци во Кина ја успори ротацијата на Земјата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Левица: ВМРО-ДПМНЕ менува закони по мерка, веќе нема да требаат ни сертификати за директорско место

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мастрафот си ти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk