ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Наскоро брзи тестови за Ковид-19 во болниците и на граница, во моментов се активни 2.303 случаи

September 29, 2020 07:42
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за здравство Венко Филипче најави дека многу скоро се очекува во болниците во нашата земја да бидат достапни брзи тестови за Ковид 19, посочувајќи дека Министерството за здравство планира надградување на стратегијата за тестирање, односно ново воспоставување на стратегијата за широко тестирање. Во моментов во земјава се активни 2.303 случаи на заразени со Ковид-19. Од почетокот на епидемијата досега се регистрирани 17.674 заболени лица, оздравени се 14.642 лица, а починаа 729 како последица од вирусот.

– Последните неколку месеци на пазарот се подостапни брзи тестови за детектирање на вирусот (не на антителата). Меѓутоа се брзи и за 10-15 минути го детектират тоа без потребна лабораторија, без лабораториски апарат. Значи брис и една мала плочка. За кратко време ќе почнеме со набавка. Тие тестови пред се ќе бидат дистрибуирани во болниците, и во соработка со Центрите за јавно здравје, веројатно на граничните премини. Сето тоа ќе овозможи многу брз резултат на пациентите кои доаѓаат пред се итните, и на тие што им е потребна некаква интервенција. За 15 минути на лице место, без никаква потреба за голема експертиза, ќе знаат вработените дали пациентот е позитивен или негативен, рече Филипче.

 

Освен во болниците, министерот додаде, дека брзи тестови за Ковид-19 ќе има и на граничните премини, но пред тоа ќе треба да се подготви стратегија.

Меѓу другото, министерот истакна дека ниту една земја нема начин на широко тестирање како што имаме ние, со исклучок на големите земји. Филипче исто така рече дека во државата се тестираат дури и луѓето кои што биле во ризик, а немаат симптоми се со цел да се види да не се случи да има асимптоматски носители. Со такво широко тестирање, посочи министерот,  се штитат и сите луѓе околу позитивните.

Премиерот Зоран Заев наведе дека Владата и надлежните институции се целосно посветени на мерките за лична заштита преку кои ќе се спречи ширењето на КОВИД-19, а со тоа и потребата од карантин и други порестриктивни мерки.

-Она на коешто сме сите фокусирани од здравствената комисија до државниот кризен штаб до Владата е мерките на лична заштита. Тука ги полагаме сите надежи. Сите се свесни, граѓаните знаат дека се во иднина ќе зависи од тоа колкав ќе биде бројот на заразени, бројот на смртни случаи, колку ќе трае оваа пандемија зависи од нашата лична одговорност. Колку повеќе носиме макса, правиме дезинфекција, држиме дистанца, не мора секој пат да правиме средба, можеме и по телефон дел од работите да ги завршиме, рече Заев.

Со намалување на тепературите, како што кажа, се зголемува и опасноста од зголемување на бројот на заболени и токму затоа е многу важно сите безусловно да ги почитуваат мерките. Владата, како што кажа Заев не размислува за нов карантин како мерка, но доколку надлежната Комисија поредложи аргументи, не се исклучува и таа опција.

Заев рече дека инспекциите казнуваат, затвораат, се поднесуваат кривични пријави, но не можат да ја најдат секоја домашна прослава.

 

-Сите да се потсетиме како беше и колку беше и колку е тоа страшно што се случува со оваа пандемија. Ние сите се опуштивме. Доаѓа зима, зимата ќе биде многу потешка од летото затоа што летото генерално, кажуваат стручните лица што значи дури и инфицирањето и како тоа се пренесува, зошто имаме асимптоматски случаеви, во зимата тоа нема да е така. Од почитувањето на мерките ќе зависи како државата ќе се движи. Ние како Влада не одлучуваме за овие работи. Ако прашате дали ќе затвараме, дали ќе има карантини. Не. Зошто? Да ја ништиме економијата, да го ништиме социјалниот живот на граѓаните? Не. Ама Комисијата која што е императив над сите ги каже сите издржливи аргументии тоа се случи, ние што да правиме, не сакаме, ниту Комисијата сака, ниту некои очекуваат дека има потреба од тоа, но важно е да ги почитуваме тие мерки, посебно затоа што залади времето, паѓаат температурите, дефинитивно ќе растат и бројките, рече Заев.

Тој потенцираше дека единствените мерки околу здравствениот аспект којшто во моментот ги разгледува Владата е како да се охрабрат и наградат здравстените работници.

Вчерашната статистика на Министерството за здравстви покажува 48 нови случаи од 387 тестирања. Починати се четири лица, а оздравеле 61 пациент.

 

На Инфективната клиника, според вчерашните податоци, примени биле шест пациенти. Вкупно се хоспитализирани 70 пациенти. На кислородна поддршка се 33 пациент, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле хоспитализирани биле 4 деца и 3 мајки позитивни на ковид-19, 7 деца и 7 мајки суспектни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ примени биле 3, а вкупно хоспитализирани се 36 пациенти. На респиратор се 6 пациенти. Во болницата во Битола хоспитализирани биле 17, а во болницата во Штип 36 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани се 173, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Османи ќе се сретне со Вархеји, главна тема почеток на преговорите со ЕУ

НАЈНОВО

Знае ли Мицкоски дека Тошковски го демантираше за странските служби и центри на моќ, прашува СДСМ

September 15, 2025

Полска урна дрон над зградата на владата во Варшава

September 15, 2025

Крвава драма во Велес: Маж уби жена и нејзиниот татко, па се самоуби

September 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Дуел за Штип: Само двајца кандидати за градоначалник, 11 листи за советници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стеваноски реагира: Полицајци во цивил од Скопје се однесуваат насилнички и застрашувачки во Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Старата чаршија до младинските центри: Меџити ја претставува визијата за Чаир во интервју за Фронтлајн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk