Лиса Баута Шаќири, авторка и правничка, на панел дискусијата на тема „Дискриминацијата и вработувањето во јавниот и приватниот сектор“ во организација на ЦИВИЛ, истакна дека треба да се прави разлика меѓу критериуми кои работодавците ги наметнуваат, и политиките кои ги наметнуваат политичарите.
„Кандидатите кои треба да конкурираат треба да го задржат товарот и истовремено тие да бидат носители на одлуката дали ќе научат јазик плус, а не одбратното, кое вика во секоја фирма да има одредени критериуми“, истакна Баута Шаќири.
Таа додаде дека дискриминацијата тука не постои како етнички клуч, туку дека етничката припадност се користи за популистички мерки и дека истата треба да се тргне како клуч за вработување.
„Повеќе е општествен отколку политички проблем, не можеш да се бориш против дискриминација од најгоре, со наметнување на вакви мерки, пристапот е многу лош“, додаде таа.
А. Петровска / ЦИВИЛ МЕДИА