Пратеникот и Д-р Сашко Николов утрово на својот фејсбук профил изрази поддршка за медицинскиот персонал и за медицинските сестри кои вчера дадоа отказ, потенцирајќи дека генерализирањето и политизирањето на ваквите случаи носи штета токму на здравствените работници.
-Медицинските сестри добиваат и поддршка и можност да бидат рамноправен дел од системот на јавното здравје, со постојан раст на платите и подобрување на условите за работа!
Медицинските работници се на првата линија во битката со вирусот, ставајќи го сопственото здравје и живот, како и животот на своите семејства, во ризик и нивниот придонес, нивната работа ја почитуваме, вреднуваме и цениме.
Жалам што неколку медицински сестри дале откази. Причините може да се различни, но генерализирање и политизирање е на штета токму на здравствените работници.
Д-р Николов во својот статус повика на сплотеност и тимска работа, и информираше дека своето слободно време го користи да им помогне на своите колеги во Штипската Клиничка Болница.
-Зошто во време на ваква светска пандемија, потребна ни е сплотеност и тимска работа од сите членови во здравствениот систем, примарен, секундарен, терциерен и приватен сектор.
Секое мое слободно време и секој викенд, го користам да помогнам на моите колеги во Штипската Клиничка Болница и на македонскиот народ од целиот источен регион.
Поддршка за сите здравствени работници!, напиша Николов.




