Рамуш Муарем-Цирко, новинар, на панел дискусијата на тема „Дискриминацијата и вработувањето во јавниот и приватниот сектор“ во организација на ЦИВИЛ, истакна дека издвојувањето на етничката припадност за вработувањето не може да се смета како афирмативна и дека тоа се коси со Уставот на државата.
„Знаеме дека сме мултикултурна држава и вакви предлози одма ги кршат копјата, од една или друга страна секогаш има напади, треба да збориме за економска стабилност“, додаде Цирко.
Тој истакна дека кај Ромите во државата е повеќе присутна онаа сива економија, затоа што самите гледаат дека немаат шанси или многу минимални шанси да се вработат во јавниот или приватниот сектор.
„Кај Ромите повеќе е присутна онаа сива економија, затоа што самите гледаат дека нема шанси или има минимални шанси да влезат во јавниот или приватниот сектор. Државата прави напори да се елиминира таа сива економија, а они се принудени, бидејќи немаат пристап до тоа вработување, а кога има функциите се од пониските, а како раководителни функции нема шанси кај ромската заедница“, додаде Цирко.
А. Петровска / ЦИВИЛ МЕДИА