ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

October 1, 2020 19:04
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени 34.273.000 лица. Од последици од Ковид-19 починале 1.020.607 пациенти, а оздравеле 25.495.239 луѓе.

Националната организација за јавно здравје на Грција соопшти дека во изминатите 24 часа регистрирани се 411 нови случаи на Ковид-19 и уште две починати лица. Вкупниот број на заболени лица во земјата се зголеми на 18.886, а починаа 393 лица.

Во изминатите 24 часа на Кипар се регистрирани 17 нови случаи на Ковид-19 од 2.454 направени тестови. Од почетокот на епидемијата заразени се вкупно 1.772 лица.

Во изминатото деноноќие во Албанија регистрирани се повеќе оздравени од новозаразени со Ковид-19. Според Министертвото за здравство оздравеле 230 луѓе, новозаразени се 157 додека битката со опасниот вирус ја изгубило едно лице. Првпат од почетокот на пандемијата направени се над илјада тестови во едно деноноќие.

Две лица заразени со Ковид-19 починаа изминатите 24 часа во Косово, со што вкупната бројка на жртви на епидемијата се искачи на 627. Вчера беа забележани и 43 новозаразени (вкупно 15.663 од појавата на вирусот) и 123 излекувани. Вкупната бројка на лица кои ја совладаа болеста изнесува 13.677, а активни носители на вирусот се 1.359 лица.

Во Хрватска во изминатото деноноќие регистрирани се 234 новозаразени лица и четворица починати од последици од новиот коронавирус. Во земјата има 1.325 активни сличаи, од кои 297 пациенти се хоспитализирани, а 26 се на респиратор. Во Хрватска од 25 февруари досега регистрирани се 16.827 лица инфицирани со Ковид-19, а бројот на смртни случаи изнесува 284.

Во Бугарија во изминатите 24 часа пријавени се 286 новозаболени на речиси 5.000 тестирани лица. Во истиот период од последици од Ковид-19 починаа 12 луѓе. Во моментот има 5.374 активни случаи од кои 837 се хоспитализирани, а 44 пациенти се на интензивна нега. Во Бугарија од почетокот на пандемијата се заразиле 20.833 луѓе, а починале 837.

Во Црна Гора за еден ден регистрирани се 215 новозаразени со Ковид-19 и еден смртен случај. Најголем број на инфицирани лица има во Подгорица – 97. Во земјата од почетокот на пандемијата се заразиле 10.987 луѓе, а бројот на смртни случаи изнесува 170.

Холандската владина агенција за статистика денеска соопшти дека бројот на смртни случаи е значително поголем од официјалните податоци на Институтот за јавно здравје. Според Централното биро за статистика повеќе од 10.000 Холанѓани починале од последици со Ковид-19 во периодот од март до јуни, додека според Институтот – 6.400 лица. Централното биро за статистика, врз основа на изјавите на лекарите , тврди дека за време на првот бран на епидемијата починале 7.797 од пшоследици од новиот коронавирус, додека за 2.270 починати лица имало сомнеж дека се позитивни.

Јужна Африка ги отвори своите граници за патниците од сите африкански земји, но ги задржа ограничувањата за земјите со висока стапка на инфицирани, вклучително Велика Британија, САД и Русија. Сите патници кои ќе влезат во земјата мора да покажат негативен тест, но и ќе бидат прегледани.

САД и понатаму се на прво место по бројот на заразени и починати лица. За еден ден пријавени се 13.678 новозаболени, со што вкупната бројка се искачи на 7.460.960 инфицирани луѓе. Во изминатите 24 часа регистрирани се 308 смртни случаи, со што вкупната цифра на починати од последици од новиот коронавирус изнесува 212.048, а вкупно оздравеле 4.712.211 луѓе.

На второ место е Индија, каде во изминатото деноноќие регистрирани се 12.980 заразени луѓе и 114 смртни случаи. Од почетокот на пандемијата во земјата пријавени се 6.323.247 инфицирани луѓе, од кои 98.822 починале, а оздравеле 5.280.204 лица.

Бразил со вкупно 4.820.116 инфицирани лица е на трето место. Во земјата за еден ден пријавени се 6.530 новозаболени и 141 починати, со што бројката на смртни случаи изнесува 144.103.

Next Post

УЕФА дозволи навивачите да се вратат на трибините

НАЈНОВО

Фото: МИА

Марш за ангелите во Кочани: Родителите до институцииите – „Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми“

November 8, 2025

Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

November 8, 2025
Футуристички колаж со човечки профил во силуета, неуронска мрежа што се спојува со галактичка светлина во златно-сини тонови – симбол на свесниот универзум.

Космосот што размислува: Науката зад идејата за свесен универзум

November 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Каде го загубивме чувството за срам?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk