ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Спасов за „Независен“: На бугарскиот меморандум не треба да му придаваме толкава важност и значење

October 1, 2020 16:42
in ДЕНЕС, ИНТЕРВЈУ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Бугарија многумина не можат да го прифатат фактот дека и македонската нација настанала во историски процес како и сите други нации во светот и својата посебност не ја должи на некава одлука или декрет за „дебугаризација на населението во Вардарска Македонија“, туку е родена токму во отпорот кон бугарското патронизирање, вели во интервју за „Независен“, Ѓорѓи Спасов, поранешен амбасадор во Бугарија и внимателен проследувач на настаните кај нашиот сосед.

Спасов оценува дека се погрешни проценките дека со некоја друга влада во Софија односите меѓу Македонија и Бугарија би биле подобри. Особено не со влада предводена од социјалистите. „Историјата на односите меѓу Скопје и Софија покажува дека најголеми исчекори во насока на зголемување на довербата и унапредување на добрососедските односи се случуваа кога на власт во Бугарија беше десницата“, вели Спасов. Левицата во Бугарија, која ја претствува Бугарската социјалистичка партија тврдо ја следи линијата на Тодор Живков кон македонското прашање и нема храброст да направи каков било исчекор, оценува Спасов.

Со „објаснувачкиот меморандум“  Бугарија можеби нема да го спречи или одложи датумот за одржување на првата меѓувладина конференција меѓу ЕУ и Република Северна Македонија, со која започнуваат преговорите за членство на нашата земја во ЕУ, но со него, на некој начин се депонираат кај европската јавност и кај членките на ЕУ добро познатите политички ставови на Бугарија, и ѝ се става до знаење на нашата земја дека до крајот на преговорите за членство во ЕУ ќе биде изложувана на силен притисок од страна на Бугарија за прифаќање на, според нив, „единствената историска вистина за постанокот на македонската нација и на македонскиот јазик“, истакнува Спасов.

Спасов вели дека во Бугарија, за жал, многумина не можат да го прифатат фактот дека и македонската нација настанала во историски процес како и сите други нации во светот и својата посебност не ја должи на некава одлука или декрет за „дебугаризација на населението во Вардарска Македонија“, туку е родена токму во отпорот кон бугарското патронизирање, кон  нејзино србизирање, грцизирање или исламизирање.

На Меморандумот треба да гледаме како на редовна активност на бугарското Министерство за надворешни работи и ништо повеќе. Не треба да му придаваме толкава важност и значење, вели во интервјуто за Независен, Ѓорѓи Спасов

Next Post

Под посебни епидемилошки мерки, почна учебната година во Црна Гора

НАЈНОВО

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

Во месецот на машкото здравје се прават бесплатни прегледи на пациентите на штипска Урологија

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk