Министерката за образование и наука, Мила Царовска оствари средба со професори од Филолошкиот факултет во Скопје, на која се разговарало за афирмација на Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности, но и за одбележувањето на стогодишнината од раѓањето на Блаже Конески.
Потребата од поголема афирмација на студиите на Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности, како и за интересот на студентите во другите земји за изучување на македонскиот јазик и книжевност, беа теми на разговор на денешната средба со проф. д-р Венко Андоновски, проф. д-р Весна Мојсова – Чепишевска и проф. д-р Кристина Николовска од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје.
Во разговорот беа предложени и идеи за понатамошна соработка, како и планови за одбележувањето на стогодишнината од раѓањето на Блаже Конески, следната 2021 година, напиша министерката во објава на својот профил на Фејсбук.
Д. Е.





