ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Дерала: Живееме во време кога црната пропаганда и говорот на омраза ги загрозуваат луѓето

October 2, 2020 15:55
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Џабир Дерала (фото: Биљана Јордановска / ЦИВИЛ)

Џабир Дерала (фото: Биљана Јордановска / ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

Невладината организација „Цивил” денеска го одбележа 2 октомври, Меѓународниот ден на ненасилството. Претседателот на „Цивил”, Џабир Дерала, по повод на овој Меѓународен ден, рече дека филозофијата и практикувањето на ненасилството во политиката и во севкупниот живот во општеството, секако, подразбира мирно разрешување на конфликтите меѓу луѓето, заедниците и државите. Според него, тоа значи превенција на кој било вид насилство, почнувајќи од физичкото, завршувајќи со вербалното.

– Ја користам оваа прилика, на Меѓународниот ден на ненасилството, да ја истакнам констатацијата дека живееме во време кога црната пропаганда и говорот на омразата, посредно, а често и непосредно, ги загрозуваат безбедноста, физичкиот интегритет, здравјето, имотот и достоинството на луѓето. Често се случува, нефизичкото насилство да нанесе подеднакви штети како и физичкото, па и оруженото насилство. На овој ден, треба да се потсетиме дека никако не смее да се занемари онлајн насилството кое е присутно и на социјалните мрежи и во дел од медиумите. Насилството во било кој облик мора да се отфрли и осуди, да се санкционира и да се прогони од животот на луѓето“, изјави Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ по повод Меѓународниот ден на ненасилство.

Меѓународниот ден на ненасилството се одбележува на 2 октомври, поклопувајќи се со роденденот на Махатма Ганди, лидер на индиското движење за независност и основоположник на филозофијата и стратегијата на ненасилство.

Овој ден е воспоставен во 2007 година, според резолуцијата на Обединетите нации A/RES/61/271 како можност „да се прошири пораката за ненасилство, вклучително преку едукација и јакнење на јавната свест“, секогаш „имајќи предвид дека ненасилството, толеранцијата, целосното почитување на сите човекови права и основни слободи за сите, демократијата, развојот, меѓусебното разбирање и почитувањето на различностите се меѓусебно поврзани и меѓусебно ги зајакнуваат, ја реафирмираат универзалната важност на принципот на ненасилство и желбата да се обезбеди култура на мир, толеранција, разбирање и ненасилство“.

ЦИВИЛ од своето основање во 1999 година ги следи принципите на ненасилство и заложба за човекови права и слободи.

Next Post

Филипче: Со почитување на протоколите во градинките имаме безбеден воспитно-згрижувачки процес

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk