ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Донација од ТИКА за подобри хигиенски и безбедносни услови во училиштата

October 2, 2020 13:18
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Турската Агенција за соработка и координација – ТИКА за училишта во земјава донира 400 пунктови/позиции за дезинфекција и 400 бесконтактни топломери, во рамки на новиот проект „Здраво и одржливо образование“. Прво училиште што доби донација е ОУ „Петар Здравковски Пенко” во општина Бутел.

Амбасадорот на Турција, Хасан Мехмет Секизќок, на доделувањето на донацијата истакна дека преку овој проект ТИКА донира заради хигиенски и безбедни услови во училиштата, нагласувајќи дека  Турција е солидарна во борба со пандемијата и дека од нејзиниот почеток ја потенцира меѓународната соработка.

-ТИКА е присутна со многу проекти, со овој проект дистрибуира хигиенски средства. Испративме заштитна опрема во разни  краишта на светот, вклучувајќи ја тука и Северна  Македонија, земјата со која негуваме историски врски, рече турскиот амбасадор во земјава, потсетувајќи ја важноста од спроведувањето на мерките за заштита од вирусот – заштитна маска, хигиена и физичка дистанца.

Министерката за образование и наука Мила Царовска се заблагодари на донацијата, посочувајќи дека таа ќе помогне за оджување на епидемиолшката состојба и за спроведување протоколите во училиштата.

За ОУ „Петар Здравсковски Пенко“ во населбата Скопје Север, кое го посети денеска, рече дека се обезбедени сите технички услови, и за настава со присуство, и за онлајн-настава.

-Важно е во овој период наставниците, директорите и градоначалниците да се на висина на задачата зашто овој предизвик е голем за нашата држава, како и во светот. Голема благодарност до Република Турција за донацијата, со која им се помага на училиштата за одржување и спроведување на протоколите кои се дадени како здравствена насока за да се одржи епидемиолошката состојба на ова ниво што го имаме денеска. Се надевам на континуитет на соработката која и досега е одлична, изјави Царовска.

Програмскиот директор на турската Агенција за соработка и координација ТИКА Ајтекин Ајден изјави дека пунктови за дезинфекција и тополомери ќе донираат и во  други училишта, потсетувајќи дека и досега ТИКА реализирала голем број проекти во здравство, образование и во други области.

За донацијата се заблагодарија и градоначалникот на Бутел Велимир Смилевски и директорот на училиштето кои  очекуваат и во иднина вакви донации од невладини организации.

Next Post

Во Белград отворена првата електронска читална за слепи студенти во регионот

НАЈНОВО

Каш Пател за апсењата во НБА: Уапсени зашто се поврзале со Коза Ностра, а не како одмазда од Трамп

October 25, 2025

Нема истекување на линдан во ОХИС, уверува Министерството за животна средина

October 25, 2025

Венко Крстевски: Кочани заслужува нов почеток – почеток на обединување, одговорност и заедничка работа

October 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk