ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

СДСМ: Четвртиот пакет мерки обезбедува нови 100 милиони евра поволни кредити

October 2, 2020 10:05
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

– Конкретна, сеопфатна и таргетирана директна помош и поддршка за граѓаните и компаниите погодени од кризата предизвикана со пандемијата на коронавирусот, обезбедува четвриот пакет антикризни мерки креиран од Владата предводена од СДСМ, во вредност од 470 милиони евра, велат од СДСМ.

Оттаму додаваат дека пакетот составен од 31 мерка, предвидува помош и поддршка за невработените лица, пензионерите, самохраните родители и граѓани од други социјално ранливи категории, но и за спас на работните места, директна помош на компаниите, поттик за домашната економија.

„Мерките за помош на стопанството предвидуваат намалување на трошоците на компаниите и пристап до нови поволни кредити.

Една од мерките за олеснување на работењето на компаниите е зголемувањето на грејс периодот кај бескаматните кредити од КОВИД-1. Со оваа мерка, преку Развојната банка на постоечките корисници на кредитни линии, ќе им бидат обезбедени дополнителни 3 месеци грејс период пред да започнат со исплата на ануитетите од земените кредити.

Покрај одложувањето на бескаматните кредните, предвидено е и дополнително одложување на отплата на кредити за компании, до крајот на годината.

Во новиот сет мерки преку Европската инвестициона банка, за поддршка на домашните компании, обезбедени се и нови 100 милиони евра поволни кредити од Развојната банка, кои ќе бидат пласирани во јануари 2021 година, со исклучително ниска камата.

Со новиот сет на мерки, продолжува и намалувањето на казнената камата за јавни давачки за половина, односно од од 0,03 отсто на 0,015 отсто и таа ќе важи до крајот на годината.

Продолжува и мерката oдложување на плаќање на аконтација на данокот на добивка.

Оваа мерка предвидува одложување на плаќањето на аконтациите на данокот на добивка до март 2021 година за компании кои имаат пад на приходи поголем од 40 отсто.“, стои во соопштението од СДСМ.

Next Post

Заев: Да се спротиставиме на насилството и да ја раскажуваме нашата убава македонска приказна

НАЈНОВО

ФОТО: ДУИ

Ахмети: Не изгубив на избори за да се повлечам, НАИ освои 159 советници а Вреди 122

October 24, 2025
ФОТО: Фејсбук Пивковски

И независниот кандидат за градоначалник на Могила се повлече од вториот круг во корист на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ

October 24, 2025

Препораки и мерки од Министерството за здравство за актуелната состојба со сметот во Скопје

October 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски со закани до албанските партнери: „Внимавајте како се однесувате, да не завршите како Али Ахмети“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 24 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Ѓуптин е човек без чест и без достоинство, Ромите не ги спомнувам никаде – ‘џупска работа’ значи кражба“ – демантот на Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лопатка: Да ја искористиме шансата и да ја прошириме ЕУ, оптимист сум за Северна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како се регулира онлајн коцкањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk