ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заев: Гаранцијата на идентитетските прашања е потврдена со Договорот за добрососедство со Бугарија

October 2, 2020 10:54
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев денеска на прес-конференција изјави дека ќе биде внимателен во одговорите на барањата на Бугарија за решавање на прашањето за Гоце Делчев и за јазикот, бидејќи треба да се постигне решение што  ќе носи придобивки на двете страни и ќе биде за добробит на Северна Македонија и на Бугарија.

-Знаете дека сме фокусирани на можноста за брзо решавање на ова прашање што е исправено пред нас. Секако, гаранцијата на идентитетските прашања се потврдени со Договорот за добрососедство со Бугарија, а тоа е македонскиот јазик и македонскиот народ. Јас верувам дека сите тие документи, коментари кои излегуваат се само желба за решавање на ова четврто историско поглавие или шеста историска личност што може да биде одлична можност да не сплотува, да не зближува, да го јакне пријателството и слично. Ќе бидеме внимателни во коментарите заради тоа што знаеме дека треба да постигнеме решение кое ќе носи  придобивки на двете страни и ќе биде за добробит и за позитивни  последици за Северна Македонија и на Бугарија, изјави Заев на заедничката прес-конференцијата со помошникот државен секретар за енергетика на САД, Францис Фанон во Владата.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи следната недела ќе ја посети Бугарија, а тоа ќе биде претходница на посетата на Софија на Заев, до крајот на овој месец или почетокот на ноември.

-Многу брзо се надевам ќе ја оствариме посетата на Софија каде што ќе можеме да разговараме за толку многу заеднички, пред се, економски проекти. Еден од тие е токму ова што денеска зборуваме, конекцијата со гас, со целата можност која што се отвора за унапредување на соработката, но дефинитивно верувам дека сето она кое што претстои пред нас ќе биде уште еден сигнал за позитивната соработка во целиот овој регион, истакна Заев.

Овие историски прашања, според него, треба да се искористат како потенцијал за  унапредување на севкупната соработката.

-Се отвораат ваквите убави можности енергетика, национални гасоводи, меѓусебна поврзаност преку гасификацијата, преку енергетските системи од другите видови, унапредување на трговијата, меѓусебните инвестиции во двете држави, и како што реков меѓусебното помагање со ресурсите во заштитните средства за Ковид-19, изјави Заев.

Next Post

Зелена анкета: Најпрвин почитување на човековите права, а потоа зелените вредности

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Реал Мадрид го доби „Ел Класико“ – славеше со 2:1

October 26, 2025

Шахистите на Алкалоид по третпат со вицешампионската титула на Европскиот куп

October 26, 2025

Двајца министри поднесоа оставки по убиството во Ново Место во Словенија

October 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk