ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заев-Мерис: Препознаени се напорите на Владата за напредок во евроинтеграциите

October 2, 2020 16:29
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, се сретна со Фредерик Мерис, амбасадор на Кралството Белгија во нашата држава.

На состанокот e пренесено дека се препознаени напорите на Владата за напредок во евроинтеграциите, дека се вреднува направеното на политички план во добрососедските односи и дека Европската Унија ќе продолжи да ја поддржува нашата земја низ инвестициски планови со цел развој на државата.
Премиерот Заев се заблагодари за солидарноста што ја покажаа Белгија и ЕУ кон нашата држава за време на здравствената криза, иако Северна Македонија не е сѐ уште членка на Унијата.
„Граѓаните се определија за евроатлантски ориентирана Влада и ќе продолжиме да ја развиваме државата како успешна членка на НАТО и држава со европски вредности. Очекуваме да ги почнеме преговорите со ЕУ за време на германското претседателство со ЕУ. А, секако од големо значење е и тоа што Белгија го има претседателското место во Европскиот совет, како мотиватор на европското проширување. Многу ни значи поддршката од ЕУ преку најавените инвестициски планови за Западен Балкан, во делот на инфраструктурата, бидејќи тоа е од помош и за развојот на економијата кон што сме посветени. За развојот на економијата, како и за евроинтеграциите важни се и владеењето на правото и борбата против криминалот и корупцијата и силно сме определени да покажеме резултати и во овие области“, рече премиерот Заев.
Претседателот на Владата, Заев, се заблагодари за силната поддршка на нашите европски интеграции, што доаѓа како од Белгија, така и од Холандија и Луксембург, како земји членки на Бенелукс групата. Тој потенцираше дека нашата држава е цврсто решена да придонесе во Европа како мотор на вредности, демократија, мир и добар живот од интерес на граѓаните на сите европски држави.
На состанокот се разговараше и за билатералната соработка помеѓу Северна Македонија и Белгија, којашто е веќе активна во инвестициите, трговијата, универзитетската размена, но заеднички се гледаат можности за интензивирање, посебно во делот на бизнис релациите.
Next Post

Џафери го потпиша решението за предвремени избори за градоначалник во Штип и Пласница

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk