Со паролата „Доле мафија, правда сега”, вечерва ВМРО – ДПМНЕ, го одржа новиот протест како што велат тие, против неправдите, реваншизмот и политичкото насилство.
Поранешната министерка за Правда ги потсетува ВМРО ДПМНЕ за што протестираат и што оправдуваа.
Само да се потсетиме за што протестираше денес опозицијата, што оправдуваше! Очигледно кај нив нема ни “П” од правдата…
Posted by Рената Дескоска on Saturday, October 3, 2020
„Само да се потсетиме за што протестираше денес опозицијата, што оправдуваше! Очигледно кај нив нема ни “П” од правдата за која зборуваат. Денес уште еднаш потврдија дека не се мрднале ни милиметар од насилничкото однесување кое го практикуваа во текот на 11-те години власт. Денес уште еднаш не потсетија на злосторничкиот менталитет кој го имаат. Денес уште еднаш не потсетија дека тие се зло кое не смее да се повтори.“, напиша Рената Дескоска на Фејсбук.
Маршот предводен од претседалот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, почна од Министерството за правда и заврши пред објектот на Јавното обвинителство од каде беа упатени пораки до власта.
Мицкоски во обраќањето на протестот рече дека четири години гледат само неправда, а се осврна и како пример за неправда го спомна затворањето на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска
– Како не ви е срам? Вие кои 12 години уништивте сè што е здраво во македонското општество, вие да правите протести за правда. Бруки сте!, се најчестите коментари на социјалните мрежи во врска со вечерашниот протест на ВМРО-ДПМНЕ.
Ј. Ѓ.