Наспроти честото дискутирање за проблеми, за предизвици и наоѓање решенија за нивно надминување, на почетокот од истражувањето, мене ми остави впечаток едно изјаснување на граѓаните што тие генерално мислат за сите соседи или генерално за соседите на нашата држава. И забележав и се изненадив дека таа бројка е прилично висока, а тоа е дека околу 56% од граѓаните на земјава, сметаат дека Република Македонија има добри меѓусоседски односи или дека живее во еден регион каде се негуваат коректни односи помеѓу државите“, изјави Универзитетскиот професор Александар Спасеновски во дебата на „360 Степени“, каде зборуваше за договорите со Грција и со Бугарија.
Тој вели дека ова прашање треба да се постави во историски контекст.
„Доколку ја споредиме оваа бројка, овие 56% со нивото на односи коишто нашата држава ги имаше на почетоците од независноста, во 1990, можеме да констатираме дека постои сериозен напредок. Причината за тоа можеме да ја лоцираме во два дела. Првиот се меѓународните договори коишто беа склучени како резултат на конфликтите кои се појавија, тргнувајќи од Дејтонскиот и Кумановскиот, Рамковниот итн од една страна и евроатланската перспектива од друга страна. Овие две патеки не доведоа до тоа денеска да имаме високи или задоволителни 56% од граѓаните кои имаат доверба во меѓусоседските односи“, вели Спасеновски.