ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КОМЕНТАРИ

Данела, Чаир и медиумскиот смут во улога на заштитник на политичко – урбаниот криминал

June 1, 2025 21:06
in ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА
Зоран Иванов. Фото: Б. Јордановска / Цивил

Зоран Иванов. Фото: Б. Јордановска / Цивил

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЗОРАН ИВАНОВ

Деновиве, по хормонално антикоруптивните активности на се попопуларната скопска градоначалничка, се испокршија новинари, уредници, аналитичари, по инерција и по примерот на пропагандата на ДПМНЕ, за свртување на јавното внимание од центарот, од главната криминална поента кон маргините.

Кон релативизирање на суштината како, на пример, со онаа на релација “кочанска трагедија – модуларна трагедија”.

Па, некако идентично и со ова најновиве аферски бранувања со Данела, Скопје, Чаир, Висар, Меџити.

Новинари, уредници, медиуми, се ставија во улога на железничарски скретничари па темата дивоградби и криминалот со нив, ја прешалтуваат со прашања од типот каде беше Данела досега, што прави со сметот скопски расфрлан, со автобусите бесплатни и нередовни, со водата што се почесто секнува, со … И со слични, секако, прашања легитимни, граѓански.

Но, во случајов со темава “чаирски дивоградби”, практично излегува финти новинарски.

Штосеви медиумски за да се заврти јавното внимание од центарот на јавниот интерес.

Да се маргинализира и да се релативизира главната тема.

Да се разводни криминалот од чаирските дивоградби.

Да се добие во време за да се задскрие функционерската бизнис корупција.

И што новинарски е и најдилетантното, да се амнестираат надлежни институции за евентуални катастарски фалсификати за што обвинува градоначалничката на Скопје, а за што полицијата уште гледа во бело и за што обвинителството уште се прави на триипол.

Па, уредници порталски и уредници останати, да не должам и, еве, кажано и по скопски “да не го тупам”, свесно и наменски или несвесно и по некоја инерција, сеедно, темата за ова активностиве чаирски на Данела, за зградите дивоградби, за криминалите на мафијата политичко урбана, наместо да се насочуваат на сметот, на превозот, на водата, наместо да се релативизираат и замаглуваат профитите од дивоградбите, да се проба и антикорупциски и медиумски и авторски и граѓански, темата за криминалите со зградите диви,  да се врати на магистралата.

На поентата дивоградби и на рефлексијата од нив – корупција, пари, пари, …

Секако витални се и скопскиот ЈСП, и скопскиот Водовод, и скопскиот Комуналец.

Но, во мигов, поентата журналистичка, доколку наводите на Данела се покажат за точни, е во масовната урбано политичка корупција од несфатливи цивилизациски размери.

Затоа, овде само “редакциско” потсетување дека поентата на новинарските напливи деновиве е во дивоградбите, а не во сметот, водата и превозот.

Но вие си знаете и за мотивите и за незнаењето новинарско и уредничко со кое се прави медиумски смут. Со кое се замаглуваат политичко урбаните криминали, во случајов, во скопската Чаир.


Текстот е личен став на Авторот. Преземено од Нова

 

Next Post

Мицкоски ги отфрли обвинувањата од СДСМ дека заедно со Коцевски штити началник на СВР Штип

Shortcut

Најново

Резервисти, Арачиново, јуни 2001 година (фото извор: Википедија)

Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

August 16, 2026

Дерала во Voxeurop: Кога правосудството станува оружје, цената ја плаќа целата држава

August 16, 2026
Ивана Климпуш-Цинцадзе (фото: ЦИВИЛ)

Ексклузивно интервју на украинската пратеничка Климпуш-Цинцадзе за ЦИВИЛ МЕДИА: Слободата е нашата религија!

August 15, 2026

Создавањето и пресоздавањето на кинескиот тоталитаризам

August 15, 2026

Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

August 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk