Министерката за образование, Мила Царовска во однос на информациите дека директор на училиште организирал настава со физичко присуство и дали во моментов има начин за санкционирање на оние кои нема да ги почитуваат одлуките изјави дека можности за санкционирање постојат согласно законот.
– Одлуките на Владата се јасни и тие мора да се почитуваат затоа што се во интерес на јавното здравје на населението. Јас разговарав со градоначалникот тој е поедин став на директорот, градоначалникот потврдува дека прием на ученици со физичко присуство во таа гимназија нема да се случи, туку дека ќе се почитува одлуката на Владата, изјави Царовска при посетата на студентски дом во Скопје.
На прашање како ќе се надомести таа наставата за оние училишта што се решија за бојкот,министерката вели дека во моментов нема целосен бојкот во ниту едно училиште.
– Тоа се поедини ученици кои јас сум сигурна, следејќи го трендот на пријавување и среќата кај учениците која се јавува и покрај онлајн наставата, дека ќе се приклучат на наставата. Поминаа само два дена, вели Царовска.