ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Наместо европски реформи – предизборни идентитетски магли

May 31, 2025 20:17
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЗОРАН ИВАНОВ

СДСМ наместо да и’ наседнува на популистичките „идентитетски“ Пи-Ар финти на ВМРО-ДПМНЕ и исто како и ДПМНЕ да најавува некакво понижувачко лобирање наваму, натаму по европските сродни партии, би било поумесно бргу да ја отфикари Предлог резолуцијата за македонскиот јазик што се крчка во Европскиот парламент.

По цели осум децении во ООН нормативно верификуван македонски јазик, по повеќе од четири децении меѓународно и правно регистриран јазикот наш и писмото наше како македонски и македонско, нашиве партии се препелкаат во сопствената идентитетска загубеност па ќе коленичеле по светот за јазикот наш македонски за идентитетот наш македонски.

Не` јаде срамот од вмровското блебетање за идентитетот и не` јаде срамот и од сдсмовската лепенка на таквото вмровски блефирање.

Идентитетот македонски и јазикот македонски одамна ни се и брендирани и институционално нормирани.

И депонирани.

И овде, во матичната Македонија и по институтите и архивите во сите надлежни меѓународни организации.

И во сите наши македонски училишта, факултети, универзитети.

И во сите домашни и странски архиви.

И на полиците на сите јавни библиотеки дома и во светот.

И во сите музички кутии веќе вгнездени и на сите интернет мрежи.

И сега ние, не ние туку ова ВМРО-ДПМНЕ и еве, новина, и ова СДСМ кое наместо да ги распука и да ги разобличува вмровските квази патриотски манипулации, ќе и’ се приклучело во лобирањето на декларација на европските парламентарци за јазикот наш македонски.

Наместо СДСМ јавно, јасно и силно да ја отфикари најавата за ливчето од Стразбур во кое европратениците ќе си ги чешлаат јазиците за македонскиот идентитет како да сме некое недоносено новороденче од вчера па ќе ни ги пребројуваат гените за потеклото, СДСМ како да почнува да се ценка со, за нацијата и за нејзината држава, докажано штетниот вмровски популизам.

На Македонија и на Македонците допрва, после сите македонски историски битки и победи за држава и за национална себе идентификацијата, веќе ич не ни се потребни било какви идентитетски гаранции од било кого.

Најавените партиски коленичења по некаков одвајкада втемелен национален идентитет и децениски регистриран јазик, не само што се се контра продуктивни, туку се  и авто негаторски.

Затоа, наместо популистичко додворување, би било по умесно и по продуктивно, македонската опозиција итно да ја повика македонската дипломатија да стави вето на темата „македонска нација“ и „македонски јазик“ во Европскиот парламент и воопшто секаде.

Македонија тоа треба да го стори бргу додека нашите негатори и однадвор ама и тие од овде, одвнатре, не почнале, со помош и на ваквите овдешни партиски популистички и дилетантски идентитетски иницијативи, да си ги надградуваат своите вековни антимакедонски стратегии.

И посебно, додека и овдешните ракоплескачи на идејата за некаква европска идентитетска резолуција форсирана од ВМРО-ДПМНЕ, не продолжат, наместо европски реформи, да ни продаваат предизборни идентитетски магли.


Текстот е личен став на Авторот. Преземено од НоваТВ
Next Post
Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Арсовска достави докази во ОЈО во врска со легализирани дивоградби во Чаир спротивно на закон

Најново

Фото: Фб страница на Зоран Љутков

Комисија за култура на СДСМ: Јубилејот на Драмски театар помина без неговите вработени

April 22, 2026
Илустрација Фронтлајн

„Евромор“ и „Правфонд“ на црната листа на ЕУ: Замрзнати средствата на руските пропагандни субјекти

April 22, 2026
Фото: ФБ страница на Христијан Мицкоски

Дипломатски десант на Мицкоски во Виена, без приземјување во реалноста

April 22, 2026
Фото: Скриншот, видео Јутјуб

АМНЕСТИ ИНТЕРНЕШЕНАЛ: Светот влегува во „предаторска ера“ – колапс на меѓународното право и човековите права

April 22, 2026

Украински дронови ја нападнале руската нафтена рафинерија Сизрањ

April 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk