Додека траеше карантинот во нашата држава беа преплавени социјалните мрежи, со образложение дека се губи трпение за досадното време поминато само дома.
Поимот карантин обично, се користи за именување на период од четириесет дена иако, понекогаш, може да биде и привремен компендиум на четириесет месеци или од четириесет години.
За разлика од поимот, карантинот кај нас помина со добра оргнизација и со полицискиот час. Мерките за заштита од корона вирусот со сите ресурси со кои располагаше Владата и институците, беа ангажирани за да не расте бројот на заразени од вирусот.
Што поточно ние граѓаните баравме? Да се тргне полицискиот час, да се прекине со некои од мерките, да имаме слободно движење и да се вратиме во нормала. Добро и така почна да се врати во нормала. Баравме и ни се дозволи да си седнеме со друштво по ресторани, кафиќи, кафани, за да не ни биде досадно. Поделени мислењата на родителите, средношколците, студентите за почетокот на школската година. Но сепак одлука е донесена и треба да се почитува, иако сметаме дека резултатите нема да бидат исти како со физичко присуство.
Дали сме спремни за нов карантин? Дали сакаме да ни се случи Мадрид? Каде што Шпанската влада воведе мерки за карантин во обид да се контролира вториот бран на пандемијата во Европа.
За тоа ќе треба да се прашаме себеси.
Колку треба да сме загрижени за ситуацијата која последните денови бројката на заразени со корона вирусот е над 200?
Да се грижиме за себе, да се грижиме за нашите најблиски, да се грижиме за борците – медицинскиот персонал, е најмалку што се бара од сите нас.
пишува: Сафит Зеќири