ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Георгиевска: Со државна кредитна и царинска гаранција ги помагаме домашните компании

Со оваа мерка државата става на располагање 10 милиони евра, пари за поддршка на компаниите за полесен пристап до евтини финансиски средства, преку преземање на дел од кредитниот ризик.

October 4, 2020 12:29
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев продолжува со силна, ефикасна и навремена поддршка за компаниите погодени од негативните економски последици од коронавирусот, истакна пратеничката на Социјалдемократскиот сојуз на денешната прес-конференција.

Четвртиот пакет економски мерки обезбедува 470 милиони евра за спас на работни места, за зајакнување на приватната потрошувачка и за конкретна помош за стопанството.

Една од мерките за помош на приватниот сектор, во овој четврт пакет е Државната кредитна гаранција.

Со оваа мерка државата става на располагање 10 милиони евра, пари за поддршка на компаниите за полесен пристап до евтини финансиски средства, преку преземање на дел од кредитниот ризик.

Со државната гаранција од 10 милиони евра на стопанството ќе му бидат на располагање кредити со вредност од 65 милиони евра.

Покрај кредитната, следува реализација и на мерката Државна царинска гаранција, кој има за цел да им обезбеди поголем извоз на компаниите и полесен пристап до суровини.

Со 3 милиони државна гаранција за обезбедување на царинскиот долг го поддржуваме извозот и увозот и истовремено, го олеснуваме пристапот на суровини за преработка на македонските компании во износ од околу 25 милиони евра.

Како уште една мерка за олеснување на работењето на компаниите во овој пакет е и дополнително одложување на отплата на кредити за компании, до крајот на годината, како и мерката за намалување на казнената камата за јавни давачки за половина од 0,03% на 0,015% кое ќе важи до крајот на годината.

И во услови на светска економска и здравствена криза, Владата предводена од СДСМ со одговорно управување со јавните финансии, помага на секој поединец, на секоја компанија која има потреба од помош и поддршка.

Тоа, во следниот период ќе го правиме уште повеќе и уште подобро, за да спасиме што повеќе работни места, да поддржиме што повеќе компании, се вели во соопштението до јавноста објавено на страната на партијата по прес-конференцијата на Марија Георгиевска, пратеничка на СДСМ.

Next Post

Не стивнуваат судирите во Нагорно-Карабах, ниту взаемните обвинувања

НАЈНОВО

Почина политичкиот аналитичар Агим Јонуз

October 25, 2025

Каш Пател за апсењата во НБА: Уапсени зашто се поврзале со Коза Ностра, а не како одмазда од Трамп

October 25, 2025

Нема истекување на линдан во ОХИС, уверува Министерството за животна средина

October 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk