На официјалниот Твитер профил на Владата на Р. Северна Македонија е објавен демант за лажните вести кои беа објавени во некои информативни гласила, во кои се вели дека Премиерот Зоран Заев поседува вила на грчкото приморје.
Официјалниот твитер профил на Владата во име на премиерот Заев, категорично и целосно ја отфрла веста, и ја нарекува истата лажна и тенденциозна.
Истовремено, Владата бара од сите медиуми коишто ја објавиле лажната вест во целост да го објават и демантот, во спротивно најавуваат преземање на сите правни механизми во насока на зачувување на угледот на засегнатите страни.