ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Париз воведува делумен карантин, од утре се затвораат баровите, а рестораните со построги мерки на работа

October 5, 2020 09:18
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Почнувајќи од утре, Париз воведува највисок степен на мерки за спречување на ширење на коронавирусот, што значи дека во следните две недели се затвораат сите барови, а рестораните ќе мора да спроведат нови заштитни мерки за да останат отворени, соопшти канцеларијата на францускиот премиер Жан Кастес.

Кабинетот на Кастекс соопшти дека на подрачјето на Париз не е забележан никаков  напредок откако минатата недела во него беа прифатени сите три владини критериуми за воведување на највисок степен на мерки за спречување на ширење на коронавирусот.

Работата од дома во подрачјето на Париз сега мора да биде на прво место „повеќе од кога било порано“,  а универзитетските предавални и аули не смеат да се пополнуваат со повеќе од половината капацитет, соопшти канцеларијата на францускиот премиер.

„Овие мерки, неопходни за борба против ширењето на вирусот, ќе се применуваат две недели во подрачјето на Париз и три департмани што го опкружуваат“, се додава во соопштението.

За во градот да се спроведе највисокиот степен на мерки за спречување на ширењето на инфекцијата, бројот на новоинфицирани мора да биде поголем од 250 на 100.000 жители и 100 на 100.000 кај постарата популација, додека најмалку 30 проценти од креветите за интензивна нега да се резервирани за пациенти со коронавирус. Тоа значи дека моменталните бројки во градот се и полоши.

Пред една недела, на 14 дена беа затворени и рестораните и баровите во Марсеј, град на југот на Франција, во кој дојде до жариште на ширењето на вториот бран од заразата, предизвикувајќи протести и неуспешен обид за правна битка.

Франција вчера регистрира 12.565 нови инфекции со коронавирус.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Студентите од Правниот факултет во Ниш поднесоа кривична пријава против Вучиќ поради посетата на пациенти од Кочани во УКЦС

May 14, 2025

Зеленски рече дека е подготвен за каков било формат за преговори за ставање крај на војната

May 14, 2025

Таравари: Јас поднесувам оставка, другите ќе бидат разрешени

May 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТХП: ВМРО-ДПМНЕ ги обвинуваше другите за „дуизација“ на институциите, дали сега процесот на „вленизација“ е во тек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неуспехот со уставните измени ја протресе удобноста на Мицкоски!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Русија бара премногу отстапки за да се стави крај на војната во Украина, изјави Џ. Д. Венс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk