Планинарскиот клуб Ај лав хајкинг груп Македониjа (I love hiking group Macedonia) со здружени сили со невладината организација За Почиста Македонија спроведе еколошка акција на терасата на Козјак со цел да го исчистат отпадот на падините оставен од несовесни посетители.
Како што информираат организаторите, инспирирани и мотивирани од загрижени граѓани и планинари, заедно собрале повеќе од 100 кеси отпад од падините на терасата за само еден час и половина.
Главна цел на I love hiking group Македонија, како што истакнуваат, е да ја покрене свеста кај луѓето за природата и нашите планини и да ги заштитат нивните убави./МИА/