Во Иран е потврден рекорден број на новозаразени со коронавирус – 3.902 случаи.
Вкупниот број на инфицирани во најтешко погодената земја од пандемијата на Блискиот Исток достигна 475.674.
Од Министерството за здравство соопштуваат дека во изминатите 24 часа од коронавирус починале уште 235 луѓе, пренесе „Ројтерс“.
Во Иран од почетокот на пандемијата од коронавирус починале речиси 27.000 луѓе.