– Иако одбележувањето беше проследено со заштитните протоколи, сепак ми преставуваше задоволство да поразговарам со професорите од Градежен факултет за сите предизвици пред кои сме исправени. Честитки по повод 71 година постоење на Градежниот факултет, напиша на ФБ министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.
Тој истакнува дека како дел од стручната фела е убеден дека градежништвото и целиот градежен сектор ќе ја движат економијата и во ова тешко време на кризата предизвикана од Ковид-19.
„Долгогодишното постоење на Градежениот факултет е доказ за тоа колку квалитетни кадри продуцирала оваа институција, а нивното знаење е исклучително важно за развој на земјата.
Градежниците и архитектите се тие кои го креираат просторот и оставаат трајни вредности за општеството. Честит јубилеј“, напиша Бочварски во четитката.