ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАГАЗИН

(ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

May 9, 2025 09:55
in ДЕНЕС, МАГАЗИН
Share on FacebookShare on Twitter

Македонија со своја претставничка на изборот за „Мис на светот”. Дваесетгодишната Чарна Невзати ќе ги брани гордо и достоинствено боите на нашата земја во рамки на престижниот избор за убавина Miss World 2025.

По подолг период отсуство од манифестацијата, македонската држава оваа година има своја претставничка на претстојниот избор за „Мис на светот”, чие финале ќе се одржи на 31 мај во градот Хајдерабад, Индија, а фестивалските активности траат цели месец дена.

„По внимателен избор од страна на организаторот и сопственик на лиценцата г-дин Шаќир Села, воедно и сопственик на најпознатата модна агенција „Даман” во Истанбул, титулата „Мис Македонија” ја понесе Чарна Невзати од Скопје“, се наведува во соопштението.

Чарна е 20-годишна студентка на Правниот факултет ,,Јустинијан Први” во Скопје каде е двоен победник, со освоена специјална награда за најдобар сценски настап „ Бранко Ѓорчев“ и е победничка на 26та Ораторска вечер „Иво Пухан“. Професионално се занимава со моделинг, како дел од модната агенција „Макс Моделс”, со низа модни кампањи за познати домашни и светски брендови.

„Чарна Невзати ќе биде дел од 72-от избор на убавина за „Мис на светот” на кој ќе учествуваат 120 држави. Таа плени со својата природна убавина, интелегенција и самодоверба. Во очи на настанот, изјави дека ѝ претставува голема чест и задоволство да ја претставува Македонија, нашето национално богатство и култура“.

„Веруваме дека нашата претставничка ќе биде достојна амбасадорка на македонската убавина, култура и вредности на светската сцена и најдобро ќе ја промовира државата на светско ниво.” – истакна г-дин Села, кој минатата година за првпат по 15 години организираше избор на убавина во нашата држава.

Tags: Мис на светЧарна Невзати
Next Post
Генерирано со ВИ

Мерц и Трамп се согласни дека трговските спорови треба да се решат

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Лина Ѓорческа стана првата македонска тенисерка на Грен слем турнир

June 25, 2026

По повод Светскиот ден на млекото: Бучен Козјак донира средства за реновирање на Клиниката за пулмологија и алергологија

June 25, 2026
Atlas - Boston Dynamics robot

Летото 2026 го означува крајот на четботовите: Како вештачката интелигенција стана наш автономен колега

June 25, 2026

Државниот завод за ревизија бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk