ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

САСА ја поправи и зајакна оштетената брана и започна со чистење на Каменичка река

October 6, 2020 12:52
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА
Share on FacebookShare on Twitter

Од рудникот САСА соопштија дека  успешно ја завршиле поправката на оштетениот насип на хидро-јаловиштето број 4 и ги направи сите инженерски прилагодувања со кои се обезбедува дополнителна сигурност и безбедност. Поправката и инженерските прилагодувања на насипот како што информираат од рудникот, се извршени во координација и согласно препораките на врвни македонски и странски експерти.

-Со ова се исполнија неопходните предуслови за продолжување на редовното производство во САСА, за што компанијата доби соодветно одобрение од надлежните институции. За време на прекинот на производството, сите вработени во САСА ги задржаа своите работни места. Во наредниот период, стручните тимови на рудникот САСА, зајакнати со надворешни експерти, ќе вршат постојани, детални проверки на функционирањето на хидро-јаловиштето за да се осигура дека оваа постројка функционира согласно најдобрите стандарди, информираа од рудник САСА.

Паралелно, како што дополнуваат, компанијата работи на чистење на коритото на Каменичка река.

-Досега е завршено чистењето на речното коритото во приоритетните зони, посочени од страна на надлежниот инспекторат. Дополнително, рудникот САСА ангажираше меѓународни и домашни експерти кои подготвија детален план за темелно чистење и на останатиот дел од речното корито во должина од 14 километри. Направени се и неопходните теренски подготовки, при што согласно препораките на експертите, по должината на реката поставени се специјални таложни прегради кои овозможуваат наталожување на остатоците од истекувањето кои потоа соодветно ќе бидат собрани и вратени во јаловиштето, велат од рудник САСА.

Согласно законската процедура, како што додаваат во своето соопштение, реализација на овој план за чистење ќе започне веднаш откако надлежните институции издадат соодветно одобрение.

-Целата операција на чистење ќе се одвива во соработка и координација со општината Македонска Каменица и претставниците на месните заедници. Инаку, рудникот САСА врши континуирано испитување на водата во реката. Резултатите од земените примероци по целата должина на реката покажуваат дека квалитетот на водата сега е во согласност со отчитувањата пред инцидентот од 14 септември 2020 година, се вели во соопштението од рудник САСА.

Со цел да ги слушне мислењата и потребите на локалните жители, рудникот САСА повторно ја отвора канцеларијата за комуникација со локалната заедница која е сместена во зградата на општината. Канцеларијата како што информираат ќе функционира секој петок, од 08:00 до 16:00 часот, со почитување на сите превентивни мерки и протоколи за заштита од Ковид-19.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Владата ќе ја одржи деветтата седница

НАЈНОВО

Знае ли Мицкоски дека Тошковски го демантираше за странските служби и центри на моќ, прашува СДСМ

September 15, 2025

Полска урна дрон над зградата на владата во Варшава

September 15, 2025

Крвава драма во Велес: Маж уби жена и нејзиниот татко, па се самоуби

September 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Дуел за Штип: Само двајца кандидати за градоначалник, 11 листи за советници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стеваноски реагира: Полицајци во цивил од Скопје се однесуваат насилнички и застрашувачки во Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Старата чаршија до младинските центри: Меџити ја претставува визијата за Чаир во интервју за Фронтлајн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk