Директорот на скопскиот Центар за јавно здравје, доктор Александар Стојанов во изјава за Канал 5 вели дека кога инфекцијата е распространета како сега, многу тешко се наоѓа изворот каде е.
„Не е така едноставна работата. Многу ретко луѓето ги кажуваат контактите. Голем проблем имаме да дознаеме контакти. Во затворен простор се создаваат групирањата. За среќа или несреќа кога имавме кластери, полесно ги решававме, ги знаевте луѓето, ги изолиравте и толку е“, констатира Стојанов.