Се работи на промени во образовниот систем, како во средното, така и во високото образование, со цел производство на стручен кадар, најави премиерот Зоран Заев во вечерашната емисија „Економски магазин“ на ТВ Алсат-М. Тој објасни дека кадрите треба да се формираат соодветно, за да се подигне квалитетот на работната сила и да се исполнат потребите на пазарот на трудот.
„Третиот пакет е квалификувана работна сила. Продукцијата е почната како процес, тоа е таканареченото дуално образование, каде што сѐ повеќе ќе се продуцираат квалификувани работни луѓе са потребите на пазарот на трудот. Имаме 140 факултети и 40 стручни училишта, што мора да се промени. Тоа комплетно треба да биде продукција на квалификувани и кадарни луѓе, кои не се само работници, туку квалификуван инженер, правник, економист“ – изјави Заев.